КАФЕ ПАУЗА

Еликсир на младоста: Откриена е тајната за долгиот животот на Французите

Дански научници истражувале што придонесува за долгиот и здрав на Французите кои имаат исхрана која е богата со заситени масти. Овој феномен, познат како француски парадокс, обично се објаснува со фактот дека тие консумираат многу вино. Но, данските експерти спровеле истражување кое ни покажува дека може да постои и друго објаснување – исхрана која изобилува со млечни производи како сирењето.rnrnЕликсир на младоста: Откриена е тајната за долгиот животот на ФранцузитеrnrnФранцузите имаат многу ниска стапка на болести на крвните садови, како и продолжен животен век, а тоа би можело да се објасни со фактот што годишно, во просек, јадат и по 23,9 килограми сирење по личност. Британците на пример, кои годишно консумираат 11,6 килограми сирење по личност, имаат два пати повеќе кардиоваскуларни болести и во просек живеат цела година помалку.rnrnНаучниците анализирале примероци од урина и столица на 15 мажи чија исхрана била богата со сирење и млеко и откриле дека тие имаат висок степен на маслени киселини во организмот. Овие маслени киселини го намалуваат холестеролот и го забрзуваат метаболизмот, па токму затоа научниците тврдат дека овие податоци укажуваа на силна врска помеѓу сирењето и францускиот парадокс.rnrnИако примерокот испитаници бил многу мал, сепак оваа студија се надоврзува на едно британско истражување кое било спроведено пред 3 години каде што се покажало дека сирењето помага во заштита на срцето и крвните садови. Тие исто така заклучиле дека францускиот парадокс не може да се објасни само со виното.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.