Луѓето со емпатија поседуваат исклучителна способност да ги чувствуваат емоциите и енергиите на луѓето околу нив. Сепак, оваа извонредна особина може да биде и товар, бидејќи може да им влијае на емоционалната, менталната и физичката благосостојба. Еве на кој начин емпатијата може негативно да ви влијае врз менталното здравје.rnrn
rn
1. Се чувствувате емотивно исцрпени и преоптоварени
rnПостојано сте изложени на низа емоции, а тоа може да има значителен ефект врз вашето ментално и емоционално здравје. Имате тенденција да ги апсорбирате емоциите на оние околу вас, а тоа може да придонесе да се чувствувате исцрпени и ранливи.rn
2. Доживувате хронична физичка болка
rnЗголемената чувствителност може да се претвори во хронична физичка болка која е резултат на акумулацијата на негативната енергија во вашето тело.rn
3. Се справувате со несоница
rnВашата чувствителна природа може да ве спречи да го исклучите вашиот ум и да се опуштите, што резултира со непроспиени ноќи и несоница. Не заборавајте дека несоницата може да има значително влијание врз вашата целокупна благосостојба бидејќи може да доведе до зголемена анксиозност, депресија и физички замор.rn
4. Имате тешкотии да поставите граници
rnСе борите со поставување на граници, бидејќи често им давате приоритет на потребите на другите пред вашите. Така, честопати велите „да“, дури и ако тоа значи жртвување на сопствената благосостојба и среќа.rn
5. Не можете да се ослободите од негативните емоции
rnЕден од главните знаци на негативното влијание на емпатијата е тоа што тешко можете да се ослободите од негативните емоции и енергии, а тоа може да доведе до претерано размислување и емоционална вознемиреност.rnrnОткако прочитавте на кој начин емпатијата може да влијае врз вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 знаци укажуваат дека имате натпросечна емпатија.rnrnИзвор: themindsjournal.com
