КАФЕ ПАУЗА

10 знаци дека имате натпросечна емпатија

Written by

in

,

Емпатијата е способност да чувствувате емоции на повисоко ниво, и тоа не само вашите, туку и емоциите на другите. Емпатите се луѓе кои не судат и се многу отворени. Тие ја примаат секоја енергија која се движи кон нив. Поради оваа способност, емпатите многу често се повредени. Погледнете ги знаците кои укажуваат на натпросечна емпатија.rnrn10-znaci-deka-imate-natprosechna-empatija-kafepauza.mkrn

1. Не сакате гужви

rnГужвите се состојат од многу луѓе со многу различни енергии, а емпатите ја впиваат целата оваа енергија. Ова ги исцрпува.rn

2. Одржувате рамнотежа наместо да барате успех

rnРамнотежата за вас е многу поважна од успехот. Вие наоѓате надеж во рамнотежата и сакате да ја одржите наместо да станете успешни. Врвот кон кој секој се стреми не е ваша дестинација. Вие не сте овде за да се натпреварувате, туку за да им помагате на другите да се справат со животот.rn

3. Не сакате градови

rnИсто како гужвите, така и големите градови за вас се исцрпувачки. Тие се место каде што секој трча по нешто, а не знае по што. Вашето идеално место за дом е во природа.rn

4. Сакате лични врски

rnВо овој зафатен и брз свет, многу малку луѓе сакаат да се поврзат како вас. Вие ја знаете важноста на поврзаноста помеѓу луѓето.rn

5. Самотијата е важна

rnВам ви е потребно време да се наполните со енергија. Самотијата е одличен начин за да се одморите. Сакате и друштво, но впивањето на сите емоции на другите ве троши.rn

6. Мразите „празни муабети“

rnСметате дека безначајните разговори се трошење време, вие сакате да одите подлабоко. Разговорите за времето или озборувањето не ве интересираат.rn

7. Креативни сте

rnЕмпатите сакаат да ги искажуваат чувствата преку уметност. Тие ја сакаат уметноста и ова им е одличен начин да се наполнат со енергија и да се изразат целосно.rn

8. Природата ве лечи

rnСекогаш кога сте на прошетка во природа се чувствувате поврзано со неа. Чувствувате дека некоја сила ве лечи. Природата има моќ да ве излечи и да ве врати на земјата. Кога сте во природа се чувствувате како дома и сте навистина среќни.rn

9. Избегнувате конфликти

rnЕмпатите се чувствителни и конфликтите се вистински кошмар за нив. Вие мразите кога некои блиски се расправаат и одбирањето страна ве убива.rn

10. Емоционално се преполнувате

rnЧувствувањето на емоциите на другите си има своја цена. Но кога ги сфаќате чувствата на другите, вашите чувства стануваат посилни.rnrnПогледнете и зошто мозокот на емпатичните луѓе работи поинаку.