Ако сте жена која има афера со оженет маж, време е да се соочите со реалноста: тој никогаш нема да ја остави својата сопругата поради вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да си го губите времето со оженет маж.rnrn
rn
1. Тој веќе има сè што му треба
rnЗошто би ги оставил сопругата и децата?rnrnТој поминува прекрасно време со вас без никакви обврски или одговорност, а потоа си оди дома и игра со своите деца. Тоа е идеална ситуација за еден маж.rnrnИма сопругата што му готви, што чисти по него и што се грижи за неговите деца, а има и љубовница што се грижи за него и за другите негови потреби.rnrnТој има две девојки што прават сè за него и ужива во тоа.rn
2. Разведувањето е премногу болно и скапо
rnРазмислете за последиците од разводот – измачување со адвокатите, расправии, вознемиреност на децата, финансиски товар и низа други проблеми предизвикани од разводот.rnrnЗошто би се ставил себеси и своето семејство во таква ситуација ако не мора? Изгледате среќно и задоволно кога гледате дека тој може да ве вклопи во својот распоред, па зошто би ја напуштил својата сопруга?rn
3. Ако сакал да ја остави својата сопруга, ќе ја оставел досега
rnАко тој човек ве сака толку многу, ќе беше подготвен да ги поднесе болниот развод и вознемиреноста на децата и досега ќе го напуштеше семејството.rnrnТој не ја оставил својата сопруга затоа што не сака да ја остави.rnrnОткако ќе откриете дека тој никогаш нема да ја напушти својата сопруга, што треба да направите? Многу едноставно, поставете му ултиматум.rnrnТоа што тој го прави не е фер ни за вас, ни за неговата сопруга, ни за неговите деца. Поставете му ултиматум да избере помеѓу вас и неговата жена. Не дозволувајте да бидете само „другата жена“. „Другата жена“ никогаш нема да успее. Таа никогаш нема да го добие човекот што го сака.rnrnСè што ќе направи е да го потроши својот живот чекајќи маж кој никогаш нема да биде нејзин и ќе пропушти многу можности да најде маж кој ѝ е посветен само нејзе. Вие заслужувате маж што ќе биде само ваш.rnrnПрочитајте како да откриете дали вашиот партнер е со вас само затоа што не нашол некоја подобра.