Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?

Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?

После седум долги месеци, Марс престана да транзитира низ знакот Близнаци и влезе во знакот Рак каде ќе престојува до 20 мај.

Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?

Во периодот што следува ќе бидеме под силно влијание на нашите емоции бидејќи тие ќе нè мотивираат да дејствуваме сега. Сè што сме закопале длабоко во себе сега ќе пронајде начин да излезе на површина.

Вина, лутина, тага, нежност, чувство на припадност, љубов и сите преостанати емоции ќе сакаат да бидат ослободени, особено доколку долго време сме ги потиснувале.

Затоа, во следниот месец дозволете си да покажете сè што чувствувате, ослободете ги вашите емоции и прегрнете ја личноста која ја сакате.

Покрај тоа, планетите ќе нè поттикнат и да научиме да се справуваме со чувствата на позрел и поодговорен начин. Почекајте да помине првиот напад на бес и лутина, а потоа смирено изразете го она што сте го почувствувале. Марс ќе ни помогне да сфатиме како да дејствуваме без употреба на сила, да бидеме сочувствителни и да не се плашиме да ги откриеме нашите недостатоци.

Откријте што е тоа што ве придвижува, што ви дава енергија, можеби оттука ќе започнат внатрешните промени. Посветете повеќе време и внимание на личниот живот, односот со родителите и партнерот.

Забавете малку и следете ја вашата интуиција. Пружете си го она по кое долго време копнеете. Малку романтика, нежност и позитивни мисли. Бидете креативни во справувањето со предизвиците.

Откако прочитавте за влијанието на Марс во Рак до 20 мај, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар