Идеална за појадок и за слабеење: Овесна каша со банана и какао

Идеална за појадок и за слабеење: Овесна каша со банана и какао

Доколку сакате да појадувате нешто здраво и хранливо, а во исто време да одржувате витка линија и да не поминувате премногу време во кујната – имаме решение за вас. Овесните снегулки се полни со влакна и често се препорачуваат за губење на вишокот килограми, а кога ќе ги комбинирате со вистинските состојки, можете да добиете многу витамини и минерали. Во продолжение ви споделуваме рецепт за здрава овесна каша која е идеален избор за појадок.

Идеална за појадок и за слабеење: Овесна каша со банана и какао

Потребни состојки:

  • 50 грама овесни снегулки
  • 200 милилитри млеко
  • 1 лажица мед
  • 1 банана
  • бадеми
  • 1 лажичка какао во прав
  • 1 лажичка суво грозје (по избор)
  • прстофат цимет во прав

Начин на подготовка:

Ставете ги овесните снегулки во длабок сад. Потоа прелијте ги со 100 мл млеко. Млекото и житарките добро измешајте ги со лажица, па оставете ги снегулките да отстојат во млекото околу 10-15 минути. Во блендер сомелете половина банана, овесната каша натопена во млеко, бадемите, какаото во прав, циметот во прав и сувото грозје (или било какви бобинки по вкус). Сето ова прелијте го со 100 грама млеко, па додадете мед. Добиената смеса истурете ја во сад, а искористете ја другата половина од бананата за да ја декорирате овесната каша. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за запечена овесна каша.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар