Стрелец и бик – пријателска комбинација

Стрелец и бик – пријателска комбинација

Стрелецот може да се спријатели речиси со секаков тип на човек, но дружењето со бик, претставува предизвик за него. Овие двајца пријатели имаат многу различни потреби и желби. Стрелецот е личност која сака да го истражува светот околу себе, а бикот сака да излегува само на места на кои веќе бил претходно. Стрелецот воопшто не се оптоварува со материјални работи, додека бикот е многу страстен за работите кои ги поседува. Стрелецот е екстремно флексибилен, а бикот е непоправливо тврдоглав.
Стрелец и бик - пријателска комбинацијаЗа бикот, стрелецот претставува нерешлива сложувалка. Тој не може да сфати како овој негов пријател може да биде секогаш толку ентузијастички настроен, особено наутро. Оваа конфузија не е еднострана. Стрелецот не може да сфати како бикот може да ужива да ги прави истите работи цело време. Изразот на задоволство на лицето на бикот, секојпат кога го јаде сендвичот удавен во доматен сос, е тотално нелогичен за стрелецот, особено бидејќи го гледа како го јаде истиот сендвич последниве 16 години.

И покрај тоа што овие два знака имаат тотално различни карактери, сепак секој од нив има причина зошто да му се восхитува на другиот. Бикот го обожува лежерниот пристап кон животот кој го има стрелецот, а овој се восхитува на интересната смисла за хумор која ја поседува бикот.

Заедничка особина на овие пријатели е нивната потреба да излегуваат надвор во природа. Шетањето во расцутени шарени ливади, снежни паркови и секое друго место, кое природата го наградила, ќе ги избрише сите карактерни разлики помеѓу овие два знака. Никој не обожава да оди на пикник повеќе од нив двајца. Исто така, може да наоѓаат обострано задоволство во гледањето смешни филмови, слушање рок музика и џогирање.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар