КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?

Како ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?

Денес, од астролошки аспект нè очекува полна Месечина во знакот Девица. Индијците ја именувале полната Месечина по природните појави кои се карактеристични за секој месец. Едно од најпопуларните имиња за мартовската полна Месечина е поврзано со дождовните црви бидејќи во овој период времето почнува да се загрева и земјата омекнува, почнуваат да се појавуваат дождовни црви кои привлекуваат птици, кои, од друга страна, се предвесници на пролетта. Полната месечина во март се нарекува и полна Месечина на врани бидејќи звукот на птиците го означува крајот на зимата. Ова е и последната зимска полна Месечина.rnrnКако ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?rnrnДо крајот на месецот веројатно ќе се соочиме со промени и нови можности. За да се подготвиме за сите овие настани, денешната полна Месечина ќе ни биде како светилник.rnrnДали чувствувате дека е време да се одморите, да се опуштите или да ја отворите вратата за нешто ново? Дали сакате да се смирите за момент или сте подготвени да му покажете на светот што знаете и умеете? Толку многу работи се подготвуваат под оваа полна Месечина што сè изгледа возможно, па затоа почитувајте ги сопствените потреби и обратете внимание на она што вашиот ум, тело и душа се обидуваат да ви го соопштат.rnrnХирон, астероид на ранетиот исцелител, и Јупитер, планетата на изобилството, исто така ќе бидат активни за време на оваа полна Месечина. Оваа комбинација може да донесе позитивни промени и да одговори на некои критични прашања. Сепак, може да ги извади на површина и раните кои треба да се зацелат што побргу.rnrnОваа енергија нè поттикнува да се потсетиме на моќта што можеме да ја најдеме кога практикуваме самољубие, кога се залагаме за себе и ја почитуваме нашата интуиција. Оваа енергија ќе нè поттикне првин да ги наполниме нашите енергетски батерии за да имаме доволно енергија да пренесеме и на другите.rnrnНе плашете се да се откажете од работите што не се наменети за вас, бидејќи сè што ќе се случи под оваа полна Месечина веројатно само ве подготвува за нови можности што ќе дојдат во март.rnrnДодека ве придружува оваа лунарна енергија, бидете љубезни, трпеливи и нежни со себе. Обратете внимание на вашите потреби и слушајте го вашиот ум, тело и душа. Универзумот ќе ви даде енергија која ќе ви биде потребна за да го отворите новото поглавје. Доволно е да верувате дека се ќе биде во ред.rnrnОткако прочитавте за влијанието на денешната полна Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs