Убаво средениот дом привлекува убави енергии. Посакуваме да изгледа беспрекорно, да изобилува со шарм и топлина, во него да ни биде убаво, да се релаксираме, да не размислуваме дали нешто ќе се упропасти. Но, од друга страна пак, мака ни е ако штофот од омилената софата го исфлекаме со кафе, вино, мастило или нешто друго. Пункт мебел нуди модели со неверојатни висококвалитетни штофови, кои се одржуваат и чистат само со вода.rnrn
rnrnВаквите материјали се лесни за употреба благодарение на најновата Aquaclean технологија, каде дамките може да се отстранат само со малку вода. Штофот е изработен од молекуларен заштитен слој кој не пропушта да се дојде до ткаенината. Не остануваат траги, ниту пак оштетувања. Одржувањето никогаш не било полесно. Станува збор за технологија која го прави животот многу полесен, ослободувајќи ни време за други поважни работи.rnrnrnrnШтофовите се еколошки, можат да се перат во машина за алишта на соодветна температура, едноставни се за одржување, трајни се.rnrnПункт Мебел исто така е препознатлив и по модерните кожни гарнитури, изработени од највисока класа на природна кожа, набавена од еминентни италијански кожари, произведени по најсовремена технологија.rnrn
rnrnСите модели имаат квалитетен сунѓер со различна густина овозможувајќи удобност и трајност на формата. Во нив е вградена букова конструкција која овозможува долготрајност и издржливост на мебелот, а дури и најситните материјали мора да се од највисок квалитет набавени од познати светски и европски добавувачи.rnrnПарчињата мебел се најубавите украси во домот, создаваат препознатливост, оставаат личен печат. Токму затоа при изборот на мебел не треба да ги спуштаме критериумите, не треба да правиме компромиси, туку напротив да го одбереме најдоброто за нас. Да избереме мебел на кој ќе бидеме горди, и кој со секое гледање уште повеќе ќе не освојува. Кој ќе биде лесен за одржување.rnrn
rnrnА за да изборот не претставува тешкотија, тука е стручниот тим на Пункт Мебел кој ќе ви помогне со совети како идеално да го дизајнирате и опремите вашиот дом.rnrnПункт Мебел е извозно орентирана компанија која околу 75% од целокупниот производствен капацитет го пласира на меѓународен пазар. Од тоа најголеми пазари и држави во кои ги пласира своите производи се: Швајцарија, Германија, Англија, Косово,Србија, Хрватска, САД, Романија, Словачка и Холандија. Покрај редовниот извоз во овие држави компанијата изведува меѓународни проекти за разни деловни објекти, згради, апартмани и хотели. Пред извесно време се заврши проект во Грција и моментално се работи на друг за Бахраин.
Пункт Мебел – Модерни софи кои се чистат само со вода
