9 причини зошто треба да го посетите Приштина Мол
Приштина Мол е најголемиот и најиновативниот трговски центар во регионот. Со површина од 240.000 m², овој прекрасен шопинг центар го претвора Косово во епицентар на регионот. Приштина Мол ќе биде главен економски двигател, генерирајќи околу 3.000 нови работни места и приход како за трговскиот центар, така и за околната заедница.
Изграден со многу труд и посветеност, Приштина Мол гарантира дека ќе ги исполни сите потреби и барања на потрошувачите. Од избор на најдобрите брендови, од кои многу за прв пат доаѓаат во Косово и регионот, преу комбинацијата на храна која ја претставува автентичноста на различните култури до најновиот концепт на забава во регионот.
Приштина Мол ќе понуди уникатно искуство кое не сте го доживеале во ниту еден друг трговски центар и ова се 9 причини зошто треба да го посетите
- Приштина Мол ќе биде дом на повеќе од 230 брендови. Ќе има широк спектар на продавници и производи, што ќе го направи молот погодно и идеално место за купување на сè, од облека, електроника до секојдневни производи и предмети за домаќинството.
- HyperActive е најголемиот забавен центар во регионот со површина од 11.202 m² кој ќе биде дел од Приштина Мол. Со GoKart, Laser Tag, решавање на мистерии во Escape Room, врвни игри со виртуелна реалност и многу други авантури,HyperActive ќе биде најдоброто место за забава во регионот.
- CineStar, најмодерното кино со најнапредна технологија во регионот, ќе ги отвори вратите во Приштина Мол. Повеќе од 15 кино сали, модерниот дизајн и најновите филмови, гарантираат забава за сите возрасти.
- Катчето за храна, каде културите од целиот свет се среќаваат на едно место, нуди широк спектар на опции, од брза храна, кафулиња до луксузни ресторани.
- Приштина Мол е единствениот еколошки трговски центар во Косово. На различни места во центарот се засадени околу 6000 растенија, што во голема мерка ќе влијае на регулирањето на чистотата на воздухот.
- Прекрасниот простор на Приштина Мол е идеален за поминување работен ден во релаксирачките катчиња што ги нуди. Совршено за секој ден од неделата, како место број 1 за шопинг, забава и релаксација.
- Природното осветлување е исклучително важно, а Приштина Мол посвети големо внимание на овој аспект нудејќи големи простори изложени на природна светлина. Изложеноста на природна светлина може да помогне да се синхронизираат деноноќните ритми на телото, што го подобрува расположението и благосостојбата на една личност.
- Приштина Мол ќе биде место кое ќе придонесе за заедницата. Во соработка со заедниците околу Приштина Мол, ќе создадеме безбеден и достапен простор за секого. Приштина Мол, исто така, ќе организира низа различни активности за потрошувачите, од активности за деца, тинејџери до активности за возрасни.
- Не ретко паркинзите се проблем кога ги посетуваме трговските центри, но не и во Приштина Мол! Со преку 5.000 бесплатни паркинг места, сите корисници ќе можат да уживаат во центарот без никакви потешкотии да најдат паркинг место.
Не ја пропуштајте шансата да го посетите и да поминете убаво и незаборавно време во најинтересниот центар во Југоисточна Европа, Приштина Мол.
Приштина Мол ве очекува на 9 март!