КАФЕ ПАУЗА

8 здравствени придобивки од семките од тиква

8 здравствени придобивки од семките од тиква

Дали знаевте дека семките од тиква се користат за медицински цели со векови? Тие се богат извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К. Освен тоа, содржат и омега 3 масни киселини кои му се потребни на телото за одржување на здравјето на срцето и регулирање на крвниот притисок. Во продолжение прочитајте за нивните здравствени придобивки.rnrn8 здравствени придобивки од семките од тикваrn

Го намалуваат ризикот од рак

rnИстражување спроведено од шпански научници покажало дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат со клетките на ракот. Друго истражување на германски научници потврдило дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јадат семки од тиква имаат 23% помал ризик од рак на дојка.rn

Добри се за здравјето на простатата

rnМаслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија). Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и го спречуваат создавањето на канцерогени клетки.rn

Ги ублажуваат симптомите на менопаузата

rnАко барате природен начин да го подобрите вашето расположение или да ги олесните симптомите на менопаузата, семките од тиква би биле одличен избор. Ја намалуваат болката во зглобовите и ја намалуваат зачестеноста на наглите промени на расположението. Меѓу другото, го зголемуваат нивото на добриот (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.rn

Го намалуваат холестеролот

rnИстражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат лошиот холестерол за 13 проценти, а нивото на вкупниот холестерол за 10%. Исто така, можат да го намалат и ризикот од згрутчување на крвта, кардиоваскуларни болести, мозочен удар и срцев удар.rn

Штитат од дијабетес

rnСемките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини. Утврдено е дека тие се ефикасни за регулирање на нивото на шеќер во крвта. Експертите ги препорачуваат семките од тиква како секојдневна храна за дијабетичарите.rn

Добри се за слабеење

rnСемките од тиква се богат извор и на влакна и протеини, супстанци кои се клучни за слабеење. Само 30 грама семки од тиква содржат околу 5 грама протеини, што ќе ве држи сити подолго време. Сепак, консумирајте ги умерено бидејќи една шолја семки содржи околу 285 калории.rn

Го подобруваат расположението

rnОдлични се за физичко и ментално здравје. Научниците откриле дека семките од тиква даваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија, стрес и анксиозност.rn

Го намалуваат ризикот од остеопороза

rnЛуѓето на кои им недостасува цинк во телото треба да консумираат семки од тиква. Тие се одличен извор на цинк, минерал кој е потребен за градење на коските. Само четвртина чаша семки од тиква содржи дури 17 проценти од препорачаната дневна вредност на цинк.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од семките од тиква, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: atma.hr