Антиоксидансите играат голема улога за вашето здравје бидејќи го штитат вашето тело од болести, аерозагадување како и од штетното влијание на УВ зраците. Во продолжение прочитајте повеќе за антиоксидансите и зошто е важно тие да бидат дел од вашето секојдневно мени.rnrn
rn
Што се антиоксиданси?
rnАнтиоксидансите се супстанции кои помагаат да се спречи или забави процесот на оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали – нестабилни молекули што вашиот организам ги создава како одговор на секојдневниот стрес на кој е изложен. Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси во голема мера, но нив ќе ги најдете и во производи како чоколадо, чај, кафе и вино.rn
Кои се најзастапените антиоксиданси?
rnПостојат илјадници хранливи материи и витамини кои делуваат како антиоксиданси, а еве кои се најраспространетите:rn
- rn 011
- Витамин А
- Витамин Ц
- Витамин Е
- Бета-каротин
- Катехини
- Флавоноиди
- Полифеноли
- Селен
- Манган
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Храна богата со антиоксиданси
rnРастителната храна е најдобар извор на антиоксиданси. Колку е пошарена вашата исхрана, толку е побогата со антиоксиданси. Еве кои намирници се на врвот на нашата листа:rn
Витамин А
rnМлечни производи, јајца, црн дробrn
Витамин Ц
rnЛиснат зеленчук (кељ, брокула, цвекло), зелка, домати пиперки, карфиол, јагоди, грејпфрут, киви, дињаrn
Витамин Е
rnЈаткасти плодови и семки (бадеми, ореви, семки од сончоглед), авокадо, блитва и црвени пиперкиrn
Бета-каротин
rnДиња, моркови, слатки компири, тиква, кељrn
Ликопен
rnДомати, црвени пиперки, лубеницаrn
Полифеноли
rnГрозје, зелен чај, бобинки, јагоди, јаболка, кромид, црвено виноrn
Селен
rnЖитарки (кафеав ориз и јачмен), риба, мешунки, сирење, јајцаrn
Здравствени придобивки од антиоксидансите
rnИстражувањата покажале дека исхраната која се состои од овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки може да го намали ризикот од хронични болести кои честопати се поврзуваат со оксидативен стрес. Слободните радикали се всушност оние кои доведуваат до оксидативен стрес и ги напаѓаат здравите клетки. Антиоксидансите, исто така, помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Сепак, не постојат доволно истражувања кои би можеле да докажат дека внесувањето голема количина антиоксиданси во организмот ќе ја спречи појавата на рак или други сериозни хронични заболувања.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од антиоксидансите, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.rnrnИзвор: greatist.com