Идеална за празниците: Вкусна торта со сочен крем

Идеална за празниците: Вкусна торта со сочен крем

Денес ви предлагаме рецепт за вкусна торта со сочен крем чиј вкус нема да ве остави рамнодушни. Совршен предлог за празниците, а освен тоа, многу брзо се подготвува.

Идеална за празниците: Вкусна торта со сочен крем

 

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • ванилин шеќер
  • 100 грама шеќер
  • 50 милилитри сончогледово масло
  • 50 грама путер
  • 340 грама брашно
  • 10 грaма прашок за пециво

За крем:

  • 200 грама праски (од компот)
  • 400 милилитри млеко
  • 10 грама ванилин шеќер
  • 1 жолчка од јајце
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 200 милилитри шлаг
  • сечкани бадеми

Начин на подготовка:

1. Во поголем сад ставете ги јајцата, ванилиниот шеќер и маслото, па добро изматете ги со миксер. Додадете путер и измешајте. Потоа додадете брашно и прашок за пециво и со раце измесете го тестото.

2. Одделете дел од тестото и формирајте топче од него, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач околу 20 минути.

3. Префрлете го преостанатото тесто врз подмачкан кружен калап (со дијаметар 24 см).

4. Исечете ги праските на коцки. Потоа, во тавата истурете млеко, додадете ванилин шеќер, жолчка и три лажици шеќер. Додадете 4 лажици пченкарно брашно и сè изматете со миксер додека не добиете кремаста смеса. Истурете го шлагот и сè добро изматете, па додадете ги праските и измешајте ја смесата.

5. Префрлете го кремот врз тестото во калапот и израмнете го. Над кремот нанесете го тестото од замрзнувачот. Декорирајте со парчиња бадеми и ставете го колачот во рерна загреана на 180-200 степени целзиусови околу 25 минути. Извадете го од рерна и посипете шеќер во прав или цимет. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за двојно чоколадно задоволство: Празнична торта која ќе ве воодушеви.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар