КАФЕ ПАУЗА

Истражување: Најчесто нè привлекуваат луѓе кои наликуваат на нас

Истражување: Најчесто нè привлекуваат луѓе кои наликуваат на нас

Веројатно веќе сте ја слушнале изреката „Спротивностите се привлекуваат“. Но зошто тогаш толку многу парови физички наликуваат едни на други? Ова не значи дека луѓето се копии на нивните партнери, но често се случува и двајцата да имаат руса коса или иста боја на очите.rnrnИстражување: Најчесто нè привлекуваат луѓе кои наликуваат на насrnrnИзгледа оваа изрека паѓа во вода, бидејќи науката тврди дека најмногу нè привлекуваат луѓе кои личат на нас, или уште поинтересно, луѓе кои наликуваат на нашите родители.rnrnИспитаниците кои учествувале во истражувањето имале задача да оценат колку ги привлекуваат луѓето што ги гледале на фотографиите. На едната фотографија им покажувале личност чие лице било компјутерски направена комбинација од двајца странци. На другата фотографија испитаниците гледале лице на странец комбинирано со нивното. Во поголемиот број случаи, испитаниците ја одбирале фотографијата која била комбинација од нивното лице и лицето на странец.rnrnСе користеле и податоци од веб-сајтови за онлајн состанување и се открило дека повеќето луѓе сакаат личност со слични интереси и образование, но и со сличен физички изглед.rnrnПсихологот доктор Џереми Николосон објаснил дека сепак сакаме да се дружиме со луѓе кои физички наликуваат на нас.rn

„Сличноста помага во создавањето чувство на блискост, па полесно стекнуваме доверба во овие луѓе.“

rnНо овде не станува збор само за површинско одбирање во зависност од изгледот. На повеќето луѓе не им е јасно дека наликуваат на нивниот партнер, па го одбираат на основа на чувствата и поврзаноста.rnrnЕкспертите сметаат дека не станува збор за логички процес при кој бараме луѓе кои наликуваат нас, туку потсвесно ја бараме компатибилноста.rnrnДознајте и зошто партнерите почнуваат да си личат со текот на времето.