На сите нам ни е добро познато дека хемијата е клучниот елемент за секоја љубовна врска. Но, дали знаевте дека постојат 3 типа хемија кои се обележје на вистинската љубов? Проверете за кои видови хемија се работи во продолжение.rnrn
rn
1. Физичка хемија
rnСтанува збор за наједноставната хемија што може да постои меѓу двајца кои меѓусебно физички си се привлекуваат. Ова е неопходен елемент за да се развие љубовта, но не е доволен. Физичката хемија ги буди кај вас првичните искри на љубовта, ништо повеќе. Така, честопати го предизвикува и чувството на незадоволство кај вас бидејќи сметате дека има нешто што навистина вреди да го сакате, а во моментот ви е недостижно.rn
2. Интелектуална хемија
rnОваа хемија постои меѓу две индивидуи кои можат да разговараат со часови. Разговорот им тече природно и тие самите ментално се стимулираат и надополнуваат еден со друг. Длабоката интелектуална хемија се случува кога туѓиот ум ви постанува нов дом. Меѓу другото, вообичаено голем дел од комуникацијата е невербална и честопати премногу суптилна за да се одреди нејзината вистинска природа. Кога ќе пронајдете некој со кој имате интелектуална хемија разговорот си тече природно и дури и тишината е удобна.rn
3. Спиритуална хемија
rnСпиритуалната хемија е синоним за усогласување на карактерите на двете индивидуи. Таа ги надминува однапред поставените ставови и верувања и има трансцендентна природа. Се одвива кога и двајцата партнери ги ценат истите работи како добрина, лојалност, пријателство и дарежливост. Меѓу другото, овде нема простор за неизвесност бидејќи и двете индивидуи се сигурни во своите чувства и двајцата подеднакво ја ценат врската.rnrnОткако прочитавте за 3-те видови хемија кои се неопходни за вистинската љубов, можеби ќе сакате да прочитате и зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат и зен техники без кои не може да постои вистинска љубов.rnrnИзвор: themindsjournal.com