3 работи кои не смеете никогаш да му ги кажете на партнерот
Подемите и падовите се карактеристични за секоја здрава и стабилна врска. Така, расправиите и недоразбирањата се неизоставен дел од секојдневието на една љубовна врска. Сепак, колку и да му сте лути на партнерот во одреден момент, никогаш не смеете да му ги кажете овие 3 нешта.
„Да ме сакаше, ти би…“
Она што му го оставате до знаење на партнерот во овој момент е дека навистина сакате вашиот партнер да каже или да направи нешто. Проблемот е во тоа што вашиот партнер може да ви одговори: „Па, доколку ти ме сакаше мене, не би побарал/а од мене да…“. Наместо тоа, следниот пат можете да се обидете со: „Тешко ми е да сфатам што е она те спречува да го сториш тоа. Најверојатно и не ти значам толку“.
„Зошто ништо меѓу нас не е исто како порано?“
Кога го велите ова, вие всушност покажувате дека не можете да се соочите со реалноста дека љубовта се менува со текот на времето. Не заборавајте дека начинот на кој сте се чувствувале во првата година од врската нема да биде ист како што се чувствувате во седмата година. Затоа, побарајте го она што го сакате сега, овде, во овој момент: „Сакам да одиме на состаноци како што правевме порано“ или „сакам масажа како порано“. Овој начин на споделување на вашите потреби ќе ви помогне полесно да го добиете она што го посакувате.
„Се однесуваш како мајка ти/татко ти!“
Ваквиот коментар дефинитивно ќе предизвика одбранбен став кај вашиот партнер. Наместо да се служите со ваква изјава, следниот пат обидете се да го опишете специфичното однесување на партнерот и разговарајте како тоа влијае врз вас. На пример: „Го повишуваш гласот во овој момент, а тоа прави да се чувствувам затворено и фрустрирано“.
Откако прочитавте кои работи не смеете никогаш да му ги кажете на партнерот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска.
Извор: themindsjournal.com