Најверојатно еден од најубавите острови на Јадранот е токму Вис, најоддалечениот населен остров од хрватското крајбрежје. Всушност, архипелагот Вис го вклучува островот Вис и соседните острови Бишево, Свети Андреј, Брусник и Јабука.
Вреди да се спомене дека делови на архипелагот се изградени од вулкански карпи што го прави единствен од таков тип на Јадранот со оглед на фактот дека јадранските острови се претежно изградени од седиментни карпи.
Од природните убавини на архипелагот се издвојуваат Краличина пештера на островот Вис, зелената пештера на Равник и модрата пештера на Бишево. Во продолжение прочитајте зошто треба да го посетите ова место барем еднаш во животот.rn
Најубава плажа
rnСигурно сте слушнале за плажата Стинива која е прогласена за најубава европска плажа во 2016 година. Нејзиниот залив, пак, бил заштитен уште во 1967 година како дел од категоријата „значаен пејзаж“.rn
Магични пештери
rnАрипелагот Вис на своите посетители им нуди интересно и несекојдневно искуство на откривање пештери како што е модрата пештера на Бишево која може да се посети од блискиот залив Мезопорат или пештерата Медвидина која се наоѓа на истиот остров. Долга 160 метри, пештерата Медвидина се смета за најдолга морска пештера на Јадранот. Нема да зажалите доколку ја посетите и зелената пештера на островот Равник.rn
По патеките на архипелагот
rnГеостазите лоцирани по должината на архипелагот ќе ви ја откријат долгата историја на неговите карпи, но и овдешната традиција на соживот меѓу човекот и природата. Не пропуштајте да ги посетите најстарите карпи на Јадранот настанати од сол и лава.
Откако прочитавте за островот Вис, можеби ќе сакате да прочитате и за најромантичните острови во светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

