Што ни предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!rnrn
rn
Овен
rnВе очекува голема среќа на љубовен план бидејќи Венера ќе остане во вашиот знак сè до 28 мај. Нејзиното влијание ќе ја зголеми вашата харизма и ќе ви помогне да привлечете нови познанства. Доколку размислувавте да пробате нова фризура или да го смените изгледот, оваа недела е вистинскиот момент. Не двоумете се да пробате нешто ново!rn
Бик
rnЗатемнувањето на Сонцето од претходната недела ви отвори нова врата, но и оваа недела ќе продолжите да добивате јасни пораки од универзумот за насоката во која треба да се движите. Запрашајте се како да внесете повеќе слобода и креативност во вашиот живот. Спојот од Сонце со Уран во вашиот знак оваа недела ќе ви помогне максимално да ја изразите креативноста. Ве очекува нов период на можности!rn
Близнаци
rnИако целокупната енергија ќе биде малку чудна како резултат на сезоната на затемнување, сепак оваа недела ќе ви донесе хармонија. Сонцето, Марс и Уран ќе ги активираат десеттата и дванаесеттата куќа на вашиот знак. Тоа значи дека ви претстојат големи можности за успех, но ќе мора да останете будни. Ако се појави некаква ексцентрична личност ислушајте ја докрај бидејќи може да ви биде поттик за нови и возбудливи идеи.rn
Рак
rnИако сте еден од најинтровертните знаци во Зодијакот, сепак оваа недела универзумот ќе ви пружи можност да ги проширите вашите хоризонти. Сонцето, Марс и Уран ќе ја активираат вашата деветта куќа на учење и ќе ве поврзат со луѓето од вашата заедница. Тоа ќе ви помогне да го видите светот со нови очи!rn
Лав
rnМинатонеделното затемнување на Сонцето ви донесе нов почеток во областа на кариерата. Оваа недела, информациите за новиот проект полека излегуваат на површина – тоа секако ќе биде во ваша корист. Од друга страна, не занемарувајте ја потребата за пауза. Уште денес резервирајте за одмор бидејќи навистина ќе ви годи.rn
Девица
rnЗа вас оваа недела ќе биде идеален момент да се подготвите за ретроградното движење на Меркур. Завршете ги најважните проекти бидејќи тие се вашите приоритети. Одлична вест е дека универзумот ќе ви помогне да ја развиете вашата креативност што може да доведе и до ново љубовно познанство – доколку тоа е она кое ве интересира во моментов.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
