Професионалниот словенечки бренд RED Cat e новата козметичка линија која ќе биде достапна во поголемиот дел фризерски салони низ Македонија.rnrn
rnrnСе чини дека беспрекорната нега на косата не била никогаш толку на дофат на рацете како денес. Новите усовршени формули ја прават постапката за нега на косата поедноставена, а ефектите се неизбежни и неверојатни. Од неодамна во поголемиот дел од фризерските салони низ Македонија за корисниците е достапен нов бренд кој се базира на врвна козметичка технологија наменета за коса. Станува збор за словенечката професионална козметика „RED CAT“ која нуди палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Производите се достапни и можат да се купат само во фризерските салони. Овој бренд е веќе присутен на десетина пазари во Европа и на реномираните саеми, во Данска, Русија, Италија, доби одлични коментари и оцени. Овие производи ги препорачуваат фризерите, бидејќи се со одличен квалитет, а со прифатлива цена.rnrn
rnrnФарбите за коса на оваа козметичка линија може да се пофалат со значаен изум во изработката на формулата која прво ја отстранува бојата пред да се нанесе посакуваната нијанса притоа оставајќи ја косата во совршена состојба. Постигнувањето на живите тонови повеќе не се доволни, она што денес е многу важно и на што се посветува големо внимание е косата и покрај тоа што е третирана со фарба, потребно е да го задржи природниот сјај, живоста и хидратацијата. RED Cat го постигнува токму тој ефект па затоа и толку брзо го освои пазарот.rnrnПред нас се летните одмори за време на кои не смееме да заборавиме да ја негуваме и заштитиме косата без разлика дали таа е бојадисана или не, а оваа колекција може да ви ги понуди неопходните продукти кои совршено ќе го измазнат влакното.rnrn
rnrnВо рамките на оваа козметичка линија може да се најдат и производи кои служат за обликување на косата и постигнување на посакуваната фризура, како и козметика за секојдневна нега и хигиена.rnrnКвалитетната и добра нега на косата може да ви послужат како одлична инспирација за да го подобрите вашиот личен стил. Заедно со вашиот фризер одберете ги производите кои најмногу ви прилегаат од оваа нова линија и ослободете ја фантазијата во креирањето на вашиот нов летен имиџ.
RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните
