Сите познаваме некоја жена која во моментов е во блажена состојба. Без разлика дали е пријателка, член од семејството или колешка, тоа е огромна причина за славење. Прославата за доаѓањето на новиот член можеме да ја започнеме уште за време на бременоста така што на идната мајка ќе ѝ подариме соодветен подарок.rnrn
rnrnШопингот за подарок за идни мајки треба да вклучува предмети кои се корисни, но и слатки. Тоа може да се производи за разубавување, работи кои го намалуваат стресот или ултраудобна облека.rn
1. Накит
rnНакитот како подарок секогаш има сентиментална вредност. Подарете ѝ нежно ланче со натпис „мама“ или „mom“ - тоа дефинитивно ќе ѝ измами солзи радосници.rnrn
rn
2. Торба или ранец за мајки со бебиња
rnВаквите торби и ранци се многу практично направени за да соберат многу работи во нив. Имаат посебни прегради за она што секогаш треба да им е на дофат на мајките со бебиња, најчесто се водоотпорни и се доста цврсти за да можат да издржат поголема тежина.rnrn
rn
3. Труднички памучни пижами
rnТрудничките памучни пижами се многу меки и удобни и имаат посебен дел околу струкот кој се прилагодува на големината на стомакот. Толку се удобни, што многу мајки продолжуваат да ги носат и после бременоста. Покрај тоа, многу модели имаат дизајн кој овозможува брзо откривање на градите што значително го олеснува доењето.rnrn
rn
4. Удобни патики без врвки
rnКако што ќе напредува бременоста, на трудницата ќе ѝ станува сѐ потешко да се наведнува и да пешачи; затоа удобни патики без врвки би биле полн погодок.rnrn
rn
5. Бескофеински чај или кафе
rnСите трудници се обидуваат да одбегнуваат кофеин, па затоа кутија бескофеинско кафе или бескофеински чај е одличен подарок.rnrn
rn
6. Дневник за трудници и млади мајки
rnВо дневникот за трудници и млади мајки, тие ќе може да ги внесуваат сите важни датуми и моменти од бременоста, како и од првите месеци на бебето. Првиот преглед, првото отчукување на срцето на бебето, датумот кога го дознале полот или пак, датумот на првото запче, првиот изговорен збор итн…rnrn
rn
7. Кутија со омилените чоколадни бонбони
rnАпетитот и желбата за јадење слатко за време на бременоста се големи, па затоа кутија со омилените чоколадни бонбони ќе ја направи многу среќна секоја жена во оваа состојба.rnrn
rn
8. Крема против стрии
rnПериодот на бременоста, покрај убав, е и стресен за секоја жена. Промените на телото може да ја направат жената во овој период да се чувствува незадоволно од својот изглед и тело. Стриите се еден од проблемите кои се појавуваат за време на бременоста и за жал остануваат цел живот. Затоа употребата на крема против стрии уште од првиот месец од бременоста може значително да го намали ризикот од нивна појава.rnrn
rn
9. Масло за обнова на косата
rnЗа време на бременоста, косата станува кршлива и сува, па затоа масло за обнова на косата е одличен подарок за секоја трудница.rnrn
rn
Автор: Катерина Каланоска