КАФЕ ПАУЗА

Неделен хороскоп од 28 февруари до 6 март: Кои знаци ги очекува најмногу среќа?

Сакате да дознаете како ќе ви бидат наклонети ѕвездите оваа недела? Прочитајте во продолжение!rnrnrn

Овен

rnОваа недела ќе бидете презафатени и како резултат на тоа ќе се чувствувате уморно. Ќе донесете важни одлуки кои, од друга страна, ќе бидат патот кон вашиот успех. Истовремено, ќе ги зголемите вашите приходи и уште еднаш ќе ги покажете вашите одлични лидерски квалитети. Со оглед на многубројните работни обврски нема да можете да му посветите доволно внимание на семејството, но тие ќе ве разберат и поддржат во вашите намери. Тоа ќе ви помогне да останете смирени и трпеливи.rn

Бик

rnОваа недела вашата интуиција ќе ви помогне да направите одлични анализи и стратегии во поглед на вашата кариера. Покрај тоа, деновите што доаѓаат ќе бидат одличен момент за поврзување со нови личности кои ќе ви помогнат во професионалниот развој. Единствениот проблем за вас ќе биде поврзан со љубовниот живот. Вашето однесување несвесно ќе придонесе за појава на несигурност во врската, особено од страна на партнерот. Обидете се искрено да разговарате за тоа да не дојде до несакани недоразбирања.rn

Близнаци

rnДеновите што доаѓаат ќе бидат многу важни во поглед на вашата кариера. Сиот ваш фокус ќе биде насочен кон работните обврски. Не заборавајте дека со помош на трпението ќе успеете да ги постигнете навремено сите цели. Вашата посветеност на работата ќе биде тестирана неколку пати, а кон крајот на неделата очекувајте награда за напорната работа. Сепак, внимавајте на одредени неправилности кои можат да доведат до намалување на вашите шанси за унапредување. Од друга страна, ќе добиете добри вести во поглед на здравјето на вашите родители.rn

Рак

rnВо текот на оваа седмица ќе имате можност да се впуштите во непознатото бидејќи ве очекува соло патување. Иако на почетокот нема да се чувствувате пријатно, ќе сфатите дека напуштањето на удобната зона може да прерасне во вистинска авантура. Тоа ќе ви помогне да научите повеќе за себе и да ја осознаете вашата вистинска природа. Фокусирајте се на сите аспекти од вашиот живот и работете напорно за да постигнете сè што претходно сте замислиле. Можеби почетокот на неделата ќе ви се чини збунувачки, но како што одминуваат деновите, полека ќе се прилагодувате на новата рутина.rn

Лав

rnПрепуштете ѝ се на интуицијата бидејќи таа ќе ви помогне да ја зацврстите вашата самодоверба. На тој начин ќе добиете благодарност и од луѓето кои не веруваа во вашите способности. Фокусирајте се на градење односи кои нема да се засноваат врз себични мотиви и обидете се да ги подобрите вашите комуникациски вештини. Вашите лидерски способности пак, ќе ви отворат нови перспективи во животот. Ако сте во врска, ве очекуваат пријатни мигови со партнерот.rn

Девица

rnОваа недела ќе прекрасна за вас бидејќи позитивните вести на почетокот на неделата ќе ви ја зголемат самодовербата. Покрај тоа, неделата ќе ви биде полна со возбудливи искуства. Ве очекува позитивна промена во однос на вашето физичко и ментално здравје. Тоа, од друга страна, ќе ви влее ентузијазам да се дружите со луѓе и да посетувате разноразни настани. Доколку сте во врска, искористете ја позитивната енергија за да ги подобрите односите со партнерот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn