КАФЕ ПАУЗА

Имате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!

Имате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!

Иако не може да биде „лек за сè“, вистинскиот суплемент може да игра голема улога врз подобрување на психофизичкото здравје. Денес го истражуваме влијанието на магнезиумот, особено при проблеми со спиење.rnrnИмате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!rn

Што претставува магнезиум?

rnМагнезиумот е суштински минерал за човечкото тело. Тој има важна улога во производството на енергија, мускулната контракција и одржување на здравјето на коските. Според научниците, способноста на нервите да пренесуваат сигнали низ целиот централен нервен систем се должи токму на магнезиумот. Регулирањето на притисокот и срцевите отчукувања зависат исто така од него. Нашите тела не можат да произведуваат магнезиум, па затоа мораме да го внесуваме секојдневно преку исхраната.rn

Придобивките на магнезиумот во поглед на спиењето

rnИстражувањата покажале дека во однос на проблемите со спиење, магнезиумот се карактеризира со следните придобивки:rn

1. Го подобрува индикаторот за квалитет на сонот

rnВо една студија од 2012 година, научниците набљудувале група постари луѓе (на возраст од 60 до 70 години) во времетраење од 8 недели. Во споредба со оние на кои им било дадено плацебо, оние кои дневно консумирале магнезиум покажале подобрување во однос на времетраењето и ефикасноста на спиењето. Кај овие испитаници било откриено и намалено ниво на кортизол, хормонот на стрес, што дополнително ја потврдува тезата за релаксирачкиот потенцијал на магнезиумот.rn

2. Може да го олесни процесот на заспивање и будење

rnСпоред друго клиничко испитување од 2011 година, суплементите кои се мешавина од магнезиум, цинк и мелатонин можат значително да го подобрат квалитетот на спиењето. Покрај тоа, тие се и одличен извор на енергија за целиот организам.rn

3. Може да ја зголеми фазата на „длабок сон“

rnИстражувањата покажале и дека редовното консумирање магнезиум придонесува за зголемување на фазата наречена „длабок сон“ – клучен дел од спиењето одговорен за нормалното функционирање на мозокот и меморијата.rn

Кој вид магнезиум е најдобар за справување со несоница?

rnКога станува збор за најдобриот додаток во поглед на спиењето тогаш на прво место се наоѓа магнезиум глицинат кој лесно се апсорбира и содржи глицин. Аминокиселината глицин пак, го олеснува заспивањето и ја намалува дневната поспаност. Други популарни додатоци се и магнезиум хлорид, магнезиум оксид и магнезиум сулфат. Можете исто така и да консумирате храна што содржи магнезиум како темно чоколадо или банани.rn

Колкава е препорачаната доза магнезиум на дневно ниво?

rnНа жените им се потребни околу 320 милиграми магнезиум дневно, а на мажите околу 420. Секако, доколку се одлучите да консумирате суплементи, најдобро би било да се посоветувате со вашиот доктор.rnrnОткако ги прочитавте здравствените придобивки на магнезиумот во однос на проблемите со спиење, можеби ќе сакате да прочитате и која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето.rnrnИзвор: mindbodygreen.com