Повеќето физички активни луѓе знаат дека вежбањето ни помага полесно да заспиеме. Сепак, најновото истражување покажало дека вежбањето непосредно пред спиење може да предизвика проблеми со спиењето кај здрави возрасни лица.rnrn
rn
Тренинзите и проблемите со спиењето
rnСпоред истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine Reviews, вежбањето со висок интензитет два часа (или помалку) пред спиење, може да влијае негативно врз квалитетот на спиење. Од друга страна, доколку помеѓу одморот и заспивањето има подолг временски период од два часа, тогаш можеме да спиеме „како бебиња“.rnrnИстражувачите откриле дека зголемениот пулс е една од причините зошто на учесниците им било тешко да заспијат набргу по вежбањето со висок интензитет. Тоа довело до физиолошка возбуда која траела дури и по три часа откако престанале да вежбаат.rnrnПокрај тоа, истражувачите ги навеле заморот на централниот нервен систем и промените во телесната температура како фактори што влијаат врз квалитетот на сонот по вежбањето.rnrnЗаклучокот е дека заспивањето може да се одложи поради зголемена телесна температура. Ова се случува бидејќи температурата на нашето тело мора малку да се намали за да може да настапи сонот. Спиењето може да се наруши доколку телесната температура е сè уште висока.rnrn
rn
Што ако сакате да тренирате навечер?
rnСпоред истражувањето, вежбањето со висок интензитет повеќе од два часа пред заспивање може да има многу придобивки за сонот. Покрај тоа, краткиот период на акутна физичка активност со висок интензитет, за разлика од целосниот тренинг, не би имало никакви последици кај здрави, млади и средовечни лица и нема да го наруши спиењето.rnrnВрз квалитетот на спиењето може да влијае и типот на вежбите што се прават навечер: на пример, постојат поголеми шанси трчањето да предизвика замор и воспаление на мускулите отколку велосипедизмот.rnrnЗатоа, обидете се да вежбате два или повеќе часа пред спиење, без разлика дали одите во теретана или вежбате дома. Ако не можете да се организирате или едноставно сакате да тренирате пред спиење, направете го тоа брзо, и ако е можно, нека биде со помал интензитет, како што е возењето велосипед.rnrnОткако откривте за поврзаноста помеѓу вежбањето и проблемите со спиењето, ви препорачуваме да прочитате и кои се причините зошто ве боли главата по вежбањето.
