КАФЕ ПАУЗА

Откријте ја житарката што им го одзема тронот на киноата и овесот како извор на протеини

Откријте ја житарката што им го одзема тронот на киноата и овесот како извор на протеини

Оваа житарка е богата со протеини и растителни влакна, овозможувајќи здраво срце затоа што содржи многу малку маснотии, па затоа треба да стане вашиот нов сојузник во исхраната.rnrnЖитарките отсекогаш се сметале за составен дел од исхраната на секој спортист, бидејќи нивното согорување им дава можност на спортистите да постигнат подобри резултати при тренингот. Меѓу најпопуларните житни култури е секако оризот (фаро е многу сличен по текстура со оризот во оброците) и овесот.rnrnОткријте ја житарката што им го одзема тронот на киноата и овесот како извор на протеиниrn

Време е да се запознаеме со фаро

rnЗа вистински да ја запознаете оваа житарка, ќе мора да се вратите на самите почетоци на човештвото, затоа што тоа е житарка што се одгледувала и се користела во исхраната уште тогаш. Затоа не е изненадување фактот дека таа се смета за античко зрно. Денес, фаро е неопходна состојка во медитеранската диета.rnrnКако одличен извор на протеини, фаро е житен производ која ќе им помогне на вегетаријанците и веганите да ги изградат своите мускули.rnrnСлична житарка од нашето поднебје е булгурот.rn

Предности во однос на другите житарки:

rn

    rn 011

  1. Фаро е богат е со протеини (11,2 – 22,7%) и антиоксиданти (полифеноли, каротеноиди). Сепак, не е препорачлив за лица со нетолеранција на глутен бидејќи 12,7% од протеините се глутенски.
  2. rn 011

  3. Има висок процент на јаглехидрати со низок гликемиски индекс (78-83%) и голема содржина на растителни влакна.
  4. rn 011

  5. Содржи мал процент на маснотии, помеѓу 1,14 и 3,8%, од кои повеќето се масни киселини, олеинска киселина и линолинска киселина или полинезаситени масти.
  6. rn 011

  7. Поради неговите органолептички својства, има неверојатен вкус и густа текстура, но е помек од ‘ржот.
  8. rn 011

  9. Лесно се дигестира, помага во контролата на нивото на шеќер во крвта и маснотиите.
  10. rn 011

  11. Неговата висока концентрација на аминокиселини е корисна за зголемување на мускулната маса.
  12. rn 011

  13. Високата содржина на минерали (цинк и магнезиум) помага во намалување на стресот.
  14. rn

rn

Како да го вклучите фарото во исхраната?

rnИсто како и оризот, лебот, тестенините, киноата, фаро житарката може да биде вашиот идеален појадок,  доколку од брашното од оваа житарка направите леб или колачи, или ја употребите како гарнир (наместо компири или ориз) или во салати, супи, чорби или рижото. Можете да ја користите и во десерти, комбинирајќи ја со овошје, јогурт, слатка павлака или млеко.rnrnМожеби сакате да прочитате и што ќе се случи со вашиот организам ако јадете хељда 3 пати неделно?