10 супер зеленчуци и овошки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана
Доколку сакате вашиот организам нормално да функционира, треба да вклучите одредени состојки познати како суперхрана во секојдневната исхрана. Сигурно се прашувате што е „супер храна“. Можеби храна со супер моќи? Така некако. Супер храната е храна полна со витамини, минерали и антиоксиданси. Најголем дел од состојките се на растителна база, но можат да вклучат и некои видови месо и млечни производи.
Грчки јогурт
Грчкиот јогурт е полн со пробиотици – микроорганизми кои се одлични за варење на храната и го одржуваат гастроинтестиналниот микробиом во нормална функција. Тој е и одлична замена за павлаката, крем сирењето и мајонезот.
Киноа
Семето од киноа се карактеризира со голема нутритивна моќ. Киноата е едно од ретките семиња кои ги обезбедува сите девет есенцијални аминокиселини. Богата е со протеини, а благодарение на нејзиниот вкус на орев, таа е одличен додаток во супи и салати.
Боровинки
Боровинките не само што се вкусни туку тие се исто толку и хранливи. Ова овошје содржи растителни влакна и витамин Ц. Некои истражувања покажале дека боровинките можат да ја подобрат меморијата, но тоа сè уште не е истражено докрај.
Чија
Една порција чија семе е одличен извор на влакна, протеини и омега-3 масни киселини. Чија семето се карактеризира и со антиоксиданси кои можат да помогнат во борбата против слободните радикали.
Овесна каша
Овесната каша е богата со влакна, антиоксиданси и други хранливи материи. Може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол, во варењето на исхраната, па дури и да го подобри метаболизмот.
Зелен чај
Зелениот чај со векови се користи како лек од рак па сè до срцеви заболувања поради големото присуство на антиоксиданси. Тој содржи и епигалокатехин галат – одреден вид фитохемикалија (хемикалии присутни во растенијата по природен пат) која го забавува неправилниот раст на клетките. Некои истражувања покажуваат дека може да спречи и одредени видови рак, но потребни се повеќе студии за да се утврди докрај.
Брокула
Брокулата е полна со витамини, минерали и растителни влакна. Брокулата се издвојува од останатиот зеленчук по високите нивоа на витамин Ц, калциум, калиум и фосфор.
Лосос
Оваа риба е богата со протеини и омега-3 масни киселини. Истражувањата покажале дека лососот може да го намали ризикот од срцеви заболувања и рак на дојка. Исто така, честото консумирање лосос може да ја намали болката и воспалението кај луѓето кои имаат ревматоиден артритис.
Лубеница
Богата со витамини А и Ц, лубеницата е идеална нискокалорична закуска. Истражувањата покажале дека може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Лубеницата исто така се карактеризира со ликопен, состојка која го штити телото од негативното влијание на УВ зраците.
Ф’стаци
Овие јаткасти плодови се богат извор на протеини и влакна. Тие исто така се богати со витамин Б6 и антиоксиданси. Можат да го намалат ризикот од хипертензија, дијабетес и други воспалителни состојби.
Откако ја прочитавте нашата листа со супер зеленчуци и овошки, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 видови суперхрана препорачани од диететичарите ефикасно ги „топат“ килограмите.
Извор: greatist.com