КАФЕ ПАУЗА

8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмите

8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмите

Балансираната исхрана е најважната состојка за здрав животен стил. Но, доколку се борите со вишок килограми подолго време, сигурно се прашувате како е возможно и да уживате во храната и истовремено да останете витки и сити? Но, со сите научни истражувања и можности во денешно време, знајте дека немате никаква потреба од страдање и гладување со ригорозни диети. И покрај тоа што главните принципи на здрав живот и понатаму остануваат во игра (внимавање што се јаде, да се пие многу вода во денот и да се консумираат мали оброци 5-6 пати дневно) постои и разна суперхрана и фитнес трикови, коишто ќе ви помогнат да се изборите против тврдоглавите вишок килограми и да ја одржите вашата форма. Еве кои се тие:rn

1. Боровинки

rn8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмите Овие бобинки се огромен извор на витамини и минерали, но нивната најважна состојка е урзолинската киселина, којашто придонесува за раст на мускулите, согорување на мастите и забрзување на метаболизмот.rnrnВоедно, боровинките имаат улога на природен антибиотик, којшто телото го чува како залиха долго време. Благодарение на нивната голема киселост, боровинките може да ви послужат и како природен конзерванс за јадења. Со цел да му помогнете на вашиот метаболизам да се забрза, препорачливо е да ги консумирате боровинките свежи или природно сушени, без додаток на адитиви. Една шака на ден е сосема доволно.rn

2. Чиа семе

rn8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмитеЧиа семето содржи големи количества Омега-3 и Омега-6 масни киселини, како и протеини, влакна и јаглехидрати. Кога чиа семињата ќе дојдат во контакт со течност, тие се зголемуваат во волумен за 12 пати и се претвораат во желе. Еден грам чиа семе може да апсорбира 25 мл течност, што значи дека многу мали количества од него, можат да ве одржуваат сити подолг временски период. Исто така, желето настанато од чиа семето формира слој од слуз на внатрешните ѕидови од стомакот, а како резултат на тоа апсорбирањето на јаглените хидрати во организмот е значително забавено.rn

3. Авокадо

rn8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмитеrnrnБлагодарение на огромното количество хранливи материи, авокадото е едно од најздравите овошја во светот. Тоа е богато со Л-карнитин и природни аминокиселини, од фамилијата на Б-витамини. Ова овошје има бројни антиоксидативни својства, коишто се погодни за забрзување на метаболизмот. Авокадото е многу богато и со мононезаситени и олеински масни киселини, кои се познати по намалување на абдоминалните масти.rn

4. Пченични никулци

rn8 видови суперхрана препорачана од диететичарите којашто ефикасно ги „топи“ килограмитеrnrnЗа разлика од преработените типови пченица, пченичните никулци, содржат многубројни елементарни хранливи материи и големо количество хранливи влакна. Доколку додадете пченични никулци во вашето утринско смути или во муслито, тоа ќе ви овозможи значително да го зголемите дневниот внес на прехранбени влакна, коишто ќе ве држат сити долго време.rnrnПродолжува на следната страница…rn