Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Денес Кинезите стојат рамо до рамо со светските сили и секојдневно покажуваат извонредни технолошки достигнувања. Еден таков потфат и тоа во областа на туризмот е изградбата на хотелот The intercontinental Shanghai Wonderland, пуштен во употреба во ноември 2018, во Шангај.

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Она што го привлече вниманието на цел свет во врска со хотелот е неговата локација. Имено, хотелот е изграден во напуштен каменолом. Од 18 ката, дури 16 се наоѓаат во подземје, а два ката се под нивото на водата во вештачкото езеро кое се наоѓа на истата локација. Целиот комплекс наликува на огромен водопад од зеленило и стакло кој се спушта по карпата на каменоломот во бездна длабока речиси стотини метри.

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Се работи за истите архитекти чии имиња стојат зад најлуксузните хотели во светот, на пример Бурџ Ал Араб во Дубаи. Зеленилото пак, е дел од еколошкиот дизајн. Самиот хотел произведува електрична енергија, сопствено греење и осветлување преку користење геотермална и сончева енергија.

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Хотелот со пет ѕвезди располага со 337 соби и конференциска сала која може да прими околу 1.000 луѓе, како и ресторан и кафуле на врвот. Иако хотелот е сместен среде каменолом, сепак собите имаат балкон и прекрасен поглед кон водопади. За многумина, овој хотел е дестинација сама по себе благодарение на неговиот луксуз и убавина. На крајот на краиштата, би помислиле ли дека некогаш би имале можност за луксузен престој под земја?

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.

Откако прочитавте за првиот подземен хотел во светот, ви предлагаме да прочитате и како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар