Како и секоја година, така и оваа, милијардерот Бил Гејтс ја објави својата листа на најдобри книги за 2021 година. Не е за чудо тоа што две од книгите се научнофантастични со оглед на тоа дека тоа е еден од омилените жанрови на основачот на „Мајкрософт“.rnrn
rn
„Како дете, бев опседнат со научна фантастика“, изјавил Гејтс. „Имаше нешто толку возбудливо во приказните што ги поместуваше границите на можното.“
rnВо продолжение ви откриваме за кои книги станува збор.rn
1. „Илјада мозоци: Нова теорија за интелигенцијата“ од Џеф Хокинс
rnОваа книга изнесува на виделина нова теорија за интелигенцијата чија цел е да помогне во развојот на таканаречената „општа интелигенција“ на машините. Тука е разработена идејата за хипотетичката способност на машините да го разберат светот како луѓето.rn
Според Гејтс, ова е тема која „може да ни помогне да се справиме со навистина сложени предизвици како што е подобрувањето на медицината.“
rnКнигата му побудила и лични спомени на Гејтс. Се работи за неговиот татко кој неуспешно се борел со Алцхајмеровата болест, нешто што го натерало Гејтс да сфати дека мистериите за човечкиот мозок не се разоткриени докрај.rnrn
rn
2. „Прекинување на кодот: Џенифер Дудна, генско уредување и иднината на човечката раса“ од Валтер Исаксон
rnСпоред Гејтс, оваа книга од познатиот биограф на Стив Џобс, Алберт Ајнштајн и Бенџамин Френклин е многу повеќе од обична биографија на Џенифер Дудна, добитничка на Нобеловата награда за хемија во 2020 година, пионер во генското уредување со CRISPR. Се работи за еден детален преглед на технологијата што им овозможува на научниците да ги менуваат човечките геноми. Сепак, според Гејтс, и јавноста треба да биде информирана и прашана за поставување на етичките граници во поглед на користење на технологијата.rnrn
rn
3. „Клара и сонцето“ од Казуо Ишигуро
rn„Клара и сонцето“ е уште еден дистописки роман од нобеловецот Ишигуро што овој пат ја следи приказната на робот кој е придружник на болна, млада девојка. Книгата опишува иднина во која роботите го подобруваат животот на човекот. Приказната се одвива во општество каде децата се генетски изменети за да бидат попаметни и на крајот живеат во изолација. За кратко време, роботот Клара станува единствениот верен пријател на болната девојка Џози. Книгата е воедно и потврда на ставот на Гејтс дека пронајдоците на вештачката интелигенција и генетика изгледаат ветувачки.rnrn
rn
4. „Хамнет“ од Меги О’Фарел
rnДејството во книгата се одвива околу ликот и животот на синот на Вилијам Шекспир, Хамнет. Постои голема веројатност неговата трагична смрт на 11-годишна возраст да влијаела врз создавањето на една од најславните шекспирови драми. Познато е дека „Хамлет“ е напишана две години по смртта на момчето.rnrn
rn
5. „Проект Последна шанса“ од Енди Вир
rnОваа најнова книга од авторот на „Марсовецот“ ја раскажува приказната на еден професор во средно училиште кој се здружува со пријателски вонземјанин за да го спаси Сончевиот систем од микроорганизам што може да го изеде Сонцето. Според Гејтс, возбудлива е помислата за живот на друго место во Универзумот.rnrn
rnrnОткако прочитавте за листата на Бил Гејтс со омилени книги за 2021 година, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 инспиративни книги ќе ви го променат светогледот.rnrnИзвор: forbes.com