Колку го познавате вашето тело? Погледнете ги следниве 10-секундни тестови кои можат да ви откријат многу интересни нешта за вас и вашето тело…rn
Кое од вашите очи е доминантно?
rn
rnrnНаместете ги рацете така што со нив ќе формирате празен триаголник, а потоа насочете го погледот кон некој објект пред вас. Прво затворете го левото око и ако објектот сè уште е во вашиот видик, тоа значи дека десното око ви е доминантно. Доколку го затворите десното око, а објектот ви остане во видик, тоа значи дека левото око ви е доминантно.rn
Како им звучи вашиот глас на другите луѓе?
rn
rnrnОвој тест го насочува звукот од вашиот глас да патува околу собата пред да пристигне до вашите уши, па токму затоа и ќе го чуете онака како што го слушаат другите. Големи се шансите дека звукот ќе биде многу повисок отколку што очекувавте, поради разликата помеѓу спроводливоста на воздухот и на коската при пренесувањето.rn
На колку тестостерон сте биле изложени во матката?
rn
rnrnПред раѓањето, хормоните како естрогенот и тестостеронот ги контролираат гените кои за возврат ја диктираат должината на прстите. Разликите во нивната должина постојано се поврзуваат со голем број човечки карактеристики, започнувајќи од агресија, па сè до музички способности и сексуална ориентација. Постои поврзаност дури и со здравствените проблеми како аутизмот, депресијата, срцевиот удар и ракот.rnrnПогледнете го целосното видео и откријте ги сите забавни начини на кои можете да се тестирате…rnrn
