Царството Азерот е на работ од војна како што неговата цивилизација се соочува со страшните воини – орките, кои се обидуваат да го напуштат својот уништен свет и да колонизираат нов
rn
Режија: Данкан ЏоунсrnrnУлоги: Травис Фимел, Пола Патон, Бен Фостер, Доминик Купер, Тоби КебелrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 9 јуни 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВоркрафт е создаден за уживањето и задоволството на фановите на оригиналната видео игра. Позајмува бројни имиња, концепти па дури и специфични локации од изворниот материјал, паралелно успевајќи да претстави еден безграничен мултиплеер систем, кој веќе со години се истражува, во форма на генерички, општ наративен режим.rnrn
rnrnЕтапите на драмското дејство се одвиваат во редослед, разработувајќи ја идејата на првиот контакт и последично конфликтот помеѓу орките и луѓето, помеѓу преживувањето и традицијата и за прашањето колкав дел вреди да се изгуби од себе, за да се продолжи да се живее. Воркрафт е филм во чија приказна никој не ја зема улогата на традиционалниот филмски злобник и никој не е бестрашниот херој. Сите имаат своја гледна точка во која сечиј мотив може да се оправда.rnrn
rnrnОрките се воена раса чии сила и смелост се отсликуваат во нивната брутална природа и борбените извици. Главниот протагонист, Дуротан (Тоби Кебел), е рамнотежа на суровото и чесното – кога не војува, поглаварот говори со изразита човечност и хуманост кои стојат како контраст на неговото потекло и појава. Така, филмскиот портрет на орките, освен што е верен на оригиналната приказна, иронично произведува ликови со кои многумина би се идентификувале многу повеќе отколку со луѓето.rnrn
rnrnЛуѓето пак, земајќи ја одбранбената позиција, се попрепознатливи, но не и повеќе интересни од своите противници. Во првите борбени редови се истакнува Лотар (Травис Фимел), кој стои како човечка паралела на Дуротан и заедно со надарениот волшебник Кадгар (Бен Шнецер), се бори со една цел во мислите – да го заштити кралот, а со тоа и својот род, од злобниот Гулдан (Даниел Ву). Како „златната средина“ се издвојува Гарона (Пола Патон) – половина орка и половина човек, чија судбина е да донесе мир помеѓу двете раси.rnrn
rnrnФилмот е визуелна гозба каде ниеден ефект не е ниту вишок, ниту недостасува, а со своите пејсажи и композициски богата музика потсетува на омилените авантуристички филмски класици. Како и последните научнофантастични акции, Воркрафт ја следи долго практикуваната холивудска формула на драмски развој: Морална дилема, општествено важни теми, фантастична компјутерска технологија и неразрешено дејство, што ја држи публиката во неизвесност и ја подготвува за идните продолженија.rnrn
rnrnСо цел подобро да ја раскаже приказната, филмот свесно го изоставува оној партиципативен елемент којшто ги претставува светските играчи чии лични авантури, искуства и внимателно создадени ликови даваат живот на базичниот, структурен концепт. Како резултат гледаме филм со низа очекувани бајковити елементи каде големата победа не е толку слатка, одмаздата не носи задоволство, и каде дури и најхеројските дела се прават под сенката на предавството.rnrn
rnrnСоздаден под амбициозната режија на Данкан Џоунс, Воркрафт може да се нарече паметна студија на случај од еден уникатен филмски работник кој се обидува да го направи својот глас силен, слушнат и прифатен во моторот на големата, корпоративна продукциска машина.rnrn
