Неделен хороскоп од 15 до 21 ноември: Дозволете да ве води инстинктот

Неделен хороскоп од 15 до 21 ноември: Дозволете да ве води инстинктот

Оваа недела започнува со влегувањето на Месечината во знакот на Бик и ни носи нови ситуации на кои ќе треба да се прилагодиме. Ова е истовремено период на промена на годишните времиња и момент кога учиме да ја насочиме нашата енергија кон нештата што ги сакаме. Време е да му  дозволите на инстинктот да ве води.

Неделен хороскоп од 15 до 21 ноември: Дозволете да ве води инстинктот

Во продолжение прочитајте како промените ќе се рефлектираат врз секој хороскопски знак.

Овен

Во последно време размислувате за многу нови потфати. Сепак, важно е да знаете дека доколку сакате да успеете морате да воспоставите рутина. Како ќе започнете со бизнис ако првин не сте создале стабилна основа за него? Оваа недела поработете на воспоставувањето дневна рутина: започнете од помалите и полесно остварливи цели и постојано усовршувајте се. Предодрени сте за успех, само внимавајте во која насока ќе продолжите.

Бик

Вашите грижи ќе бидат вашиот најголем непријател оваа недела. Непотребната загриженост ќе ви остави само простор за сомнежи онаму каде што воопшто ги нема. Одвојте време за себеси за да ги анализирате вашите чувства. Дали се чувствувате непријатно? Дали ве повредува нечие однесување? Дозволете си момент на уживање и заборавете на тоа што другите би можеле да помислат за вас.

Близнаци

Вашата енергија е интензивна оваа недела, но тоа не значи дека сакате да ја насочите кон другите. Ќе претпочитате да го насочите вашето внимание кон вас самите наместо кон било кој друг од вашата непосредна околина. Некои луѓе нема лесно да го прифатат тоа, особено доколку им е потребна вашата помош. Сепак, почитувајте ја желбата на вашето тело да бидете сами и да слушате; никогаш не ја потценувајте моќта на самоспознанието.

Рак

Време е да се соочите со фактот дека никој не може да ве спаси освен вие самите. Не постои личност на овој свет која може да ви каже она што посакувате да го слушнете. Но, знаете што сакате да слушнете од некој друг: зарем не би било убаво тоа да си го кажете самите себеси? Оваа недела обидете се да се вооружите со доволна самодоверба наместо постојано да барате потврда од другите за она што го правите.

Лав

Време е да создадете рамнотежа во вашиот живот. Понекогаш, потребно е да си дадете пауза и за момент да дишете, наместо постојано да бидете во центарот на вниманието. Сите знаеме дека имате волја и енергија за да ги истерате работите докрај, но исто така знаеме дека тоа има голема цена, особено во поглед на вашето ментално здравје. Зошто не ја испочитувате желбата на вашиот ум да се одмори, макар и за миг?

Девица

Во овој период ќе ви биде многу полесно да најдете утеха и радост во туѓото друштво, дури и ако тоа ви ја троши енергијата. Сепак, за ова има едноставно решение, а тоа е да продрете внатре во вашите чувства. Наместо да се обидувате да ги избегнувате проблемите и да ги советувате другите како да го живеат животот, време е самите да си ги примените советите и да си го промените животот. Иако може да звучи како тежок предизвик, сепак неопходно е да се соочите со себеси за да продолжите да чекорите во вистинската насока.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар