rn
Вага
rnВреме е да истражите што се наоѓа над хоризонтот. Доста време се ограничувавте себеси со тоа што бевте заробени во вашата удобна зона. Оваа недела е идеално време да се ослободите од сите синџири и да си пружите шанса за нов почеток. Не продолжувајте да ги правите постојано истите нешта што нема да ви го збогатат животот. Бидете храбри да се впуштите во непознатото и да талкате во сосема непознати простори.rnrn
rn
Скорпија
rnОваа недела треба да го послушате сопствениот внатрешен глас пред да обратите внимание на она што другите ви го кажуваат. Ако почувствувате дека нешто не е во ред во разговорот со другите, не занемарувајте ја вашата интуиција. Тоа ќе ви послужи како предупредување дека нешто не е како што треба. Запрашајте колку пати досега нагонот да не му верувате некому без докази се покажал како точен? Вашата интуиција е за почит: не потценувајте ја и не дозволувајте луѓето да ве измамат.rn
Стрелец
rnВашата самодоверба е восхитувачка, но понекогаш знае да ги премине границите. Внимавајте да не ја поминете линијата од самопочит кон неограниченото его. Бидете свесни дека во некои околности е потребно да се извините. Можеби таквото чувство се наметнува како резултат на тоа што цел живот сте се чувствувале како жртвено јагне. Сепак, треба да знаете кога да го признаете поразот, а кога да бидете упорни и да го браните својот став.rn
Јарец
rnДефинитивно би направиле сè за да се уверите дека со вашето однесување им правите услуга на оние што ви значат… но, дали сте сигурни дека на тој начин ќе бидат задоволени нивните емоционални потреби? Оваа недела треба да се фокусирате на вашата љубов повеќе од вообичаеното. Можеби ќе откриете дека понекогаш знаете да се однесувате прилично механички при искажувањето љубов и чувства, иако постапувате со најдобрите намери.rn
Водолија
rnОваа недела можеби ќе наидете на конфликтот што се обидувавте да го избегнете. Тоа би можело да отвори некои стари рани што ќе направи да се чувствувате поранливи отколку што сте дозволувале да чувствувате во текот на годините. Сепак, не сте сами како што мислите. Обидете се да не ги земате здраво за готово суровите зборови како и да не ја преземате сета вина на вашиот грб само затоа што чувствувате дека заслужувате да страдате. Побарајте утеха, а не казна.rn
Риби
rnВеројатно ќе дојдат вашите „пет минути“ оваа недела. Обидете се да уживате докрај во миговите на својата слава, но не заборавајте на скромноста. Можете да се радувате на својот успех и да славите без да им наштетите притоа на другите. Не заборавајте и да покажете сочувство и емпатија кон некој што поминува низ тежок период бидејќи свесни сте како таа личност се чувствува со оглед на тоа дека веќе сте поминале низ истото.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп од 15 до 21 ноември, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во ноември.rnrnИзвор: yourtango.com
