Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!

Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!

Денес е еден од најповолните датуми во календарот оваа година. Според нумерологијата, бројот 11 е моќен број – означува интуиција, емпатија, чувствителност и усогласување со универзумот. Две единаесетки по ред претставуваат уште посилна врска, единствен миг кога универзумот сигурно ќе ги слушне вашите желби.

Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!

Покрај тоа, следната недела младата Месечина ќе влезе во знакот на Скорпија и ќе ви донесе нови можности, искуства и патеки. Младата Месечина во Скорпија има моќ да ве обдари со страст и енергија, но и да ве трансформира, да ви помогне да станете она што отсекогаш сте сакале да бидете. И 11/11 може да ви помогне да го постигнете тоа, а притоа ќе ви дари интуиција и емпатија за да си го замислите животот што го посакувате, како и личноста што сакате да биде покрај вас.

Во продолжение ви нудиме неколку стратегии за како да навлезете подлабоко во вашето мистериозно „јас“ и да го пронајдете вашиот потенцијален партнер.

1. Обратете внимание на случајностите

Вашата интуиција е на највисоко ниво, па така иако сè се чини навидум случајно, свесни сте дека всушност универзумот се обидува да ве поттурне во одредена насока. Тукушто ја сретнавте личноста на која помисливте неколку секунди порано? Сретнавте некого со истото име како вашиот сакан дедо? Обратете внимание на сите овие ситни пораки што универзумот ви ги испраќа.

2. Запишете ги вашите соништа

Доколку сè уште не сте ја сретнале сродната душа, постојат шанси да ја сретнете на сон. Обратете внимание на работите што ги сонувате, особено во периодот околу 11 ноември. Дали некогаш сте доживеале да сретнете некого за прв пат, но сигурни сте дека сте го сретнале претходно? На овој начин универзумот посредува и ве запознава со вашата сродна душа.

3. Замислете желба

Ова не важи само за 11 ноември, туку секогаш кога ќе забележите две единаесетки на телефонот или часовникот, а тоа е совршениот миг да ги затворите очите и да замислете желба. Со самото тоа што сте ги забележале станувате свесни за сето она што ве опкружува и се поврзувате со магијата на универзумот.

4. Повикајте ја вашата сродна душа

Звучи неверојатно, нели? Но, со мислите можеби ќе можете да се поврзете со вашата сродна душа. Фокусирајте се на тоа што беше првото нешто што ве привлече кај таа личност. Денес е добар момент да си ја претставите, да си замислите каде и што работи, па дури и да „фрлите“ љубовна магија.

5. Излезете и впуштете се во авантура

Случајни средби, состаноци, случајности… сето тоа е можно само доколку излезете од дома! Искористете го овој поволен ден за да живеете поинтензивно од вообичаеното. Прифатете покана за состанок, отидете на забава и разговарајте со странец – особено ако изгледа како некој што сте го сретнале на сон. Најважно од сè, уживајте. Кога „дишете“ заедно со универзумот, неговата енергија тече во вас!

Откако прочитавте за значењето на 11 ноември од  нумеролошки аспект, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во ноември.

Извор: horoscope.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар