Антониет Коста е млада американска пејачка и текстописец, која живее и работи во Филаделфија и Њујорк. Својот прв албум го има издадено во 2005 година, насловен како „Breakthru“. На него се наоѓаат 12 песни, од кои дел се направени заедно со бенд, додека останатиот дел се пијано балади. Сепак, нејзиниот најголем успех е токму синглот„Void of a Legend“ кој го објави при крајот на август оваа година.rnrn
rnrnТекстот на песната го има напишано токму Коста, а истата ја изведува со феноменалниот виолончелист Кевин „K. O.“ Олусола. Покрај тоа што во песната свири на своето чело, тој исто така покажува дека е извонреден битбоксер. Од нивната соработка е добиен навистина прекрасен производ. Уживајте во нивната изведба.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
