КАФЕ ПАУЗА

Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети

Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети

Симболичните автопортрети на фотографката Фарес Микуе откриваат скриени, внатрешни светови преку нивните имагинативни и концептуални наративи. Во нејзините најнови фотографии, таа користи живописни, сферични балони кои лебдат во воздухот околу неа, при што им дава нова длабочина и значење на своите впечатливи портрети.rnrn

Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети
„Заразна енергија“
rn

„Преку балоните може директно да се искажат чувствата и енергијата, работите околу нас што се дел од нашите животни искуства, без разлика дали ни ја изморуваат душата, или пак ни даваат надеж. Тркалезната форма е постојана и природна шема во универзумот, присутна во најважните елементи како Сонцето, Месечината, планетите или крвните зрнца. Балоните се нежни и кревки, исто како и чувствата. Тие немаат агли што значи дека не можат ништо да скријат, а тоа ги прави идеални за прикажување на искреноста и транспарентноста“, вели Фарес.

rnСекоја од нејзините фотографии има своја приказна, најчесто инспирирана од локацијата каде што е фотографирана. Заборавените урнатини во нејзините слики се претвораат во метафора за времето што се одликува со постојана промена па оттука потребата да ги оставиме работите да течат по својот тек додека ние растеме и се развиваме како личности.rn

„На фотографијата Бркајќи илузии ги истражувам оние чувства што повеќе не одговараат на она што сме или она што сакаме да станеме, и кои, за наше добро, треба да ги оставиме. Наместо тоа, ние продолжуваме да ги бркаме поради страв или несигурност да ги следиме нашите вистински чувства“, изјави фотографката.

rn

Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети
„Бркајќи илузии“
rnrnВо продолжение погледнете дел од нејзините фотографии.rnrn
Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети
„Бескрајни опции“
rnrn
Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети
„Голема надеж“
rnrn
Фотографка користи балони со јарки бои за да ја прикаже длабината на душата во нејзините автопортрети
„Те избирам тебе“
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn