КАФЕ ПАУЗА

Изненадувачки знаци дека се плашите од блискост

Сте се нашле во ситуација кога мислите дека немате среќа во љубовта или дека не сте подготвени за сериозна врска? Меѓутоа потсвесно сонувате за длабока врска со друга личност. Знаете дека сакате да бидете со некого, но нешто ве спречува. Во што се состои тогаш проблемот и зошто не можете да остварите таков однос? Ние го имаме одговорот. Следниве знаци ќе ви помогнат да го препознаете стравот од блискост.rnrnrn

1. Постојано прифаќате нови задачи

rnПостојано прифаќате нови задачи и можеби сте добри во нивното извршување, но дополнителната одговорност прави да немате време за приватниот живот. Размислете дали прифаќањето го правите намерно. Со тоа што се фокусирате на одредени проекти, намерно го тргате настрана вашиот приватен живот. Можеби вреди да ги преиспитате сопствените емоции и да размислите зошто тоа се случува.rn

2. Привлекувате недостапни луѓе

rnАко често бирате луѓе кои се зафатени или живеат далеку од вас тогаш можеби вреди да откриете зошто потсвесно привлекувате такви луѓе. Оваа реализација не доаѓа одма, понекогаш потребни се години за да откриете што точно се случува. Некогаш од голема помош е и посетата на терапевт кој ќе ви помогне да се запознаете подобро.rn

3. Вие сте перфекционисти

rnШто е заедничко за совршенството и стравот од блискост? Токму тој перфекционизам ги обесхрабрува другите бидејќи вашите очекувања за другата личност се преголеми, а другите се плашат дека вие сте недостапни. Можеби треба работите да се наречат со вистинско име, односно да си признаете дека страдате од страв од блискост.rn

4. Се претставувате како ладна и тешка личност

rnПовеќе сакате пред другите да се покажете како тешка личност која не ги покажува своите чувства. Оваа маска што ја ставате на лицето треба да ве заштити од повреди и неуспех. Запрашајте се што ќе добиете ако ја играте оваа игра? Можете ли да создадете вистинска врска ако не ѝ се отворите на друга личност?rnrnДознајте и дали ја одбивате вашата сродна душа од себе.