КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Задржување (Containment)

Застрашувачки вирус се шири низ Атланта, убивајќи ги сите заболени за само неколку денови

rn(1) ТВ серија: Задржување (Containment)Главни улоги: Дејвид Гееси, Крис Вуд, Кристен Гатауски, Клаудија БлекrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Џули ПлекrnrnПремиера: 19 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПрвата епизода започнува со неколку минути од 13-от ден по појавата на застрашувачкиот вирус во Атланта. На улиците владее комплетен хаос, луѓе трчаат на сите страни, обидувајќи се да се тргнат настрана од заболените, полицијата се обидува да воведе ред, неуспешно, можеме да видиме и како некои плачат за починатите, а други бараат помош за оние кои се едвај живи. Брзо потоа приказната нè враќа назад, за време на 1-от ден, покажувајќи ни како започнало сè, притоа запознавајќи нè и со главните ликови и нивната историја.rnrn(2) ТВ серија: Задржување (Containment) (3) ТВ серија: Задржување (Containment)rnrnПостои причина зошто оваа ТВ серија се вика „Задржување“. За разлика од другите приказни со епидемија, овој пат не се соочуваме со спречување на вирусот пред да биде доцна. Во оваа серија работите брзо бегаат од контрола и сè што останува да се направи е да се изолираат заболените и сите околу нив од останатите, осудувајќи ги оние кои ќе останат во епицентарот на сигурна смрт. Од друга страна пак, како што дејството се развива, така сфаќаме и дека можеби причината за појавата на овој вирус не е случајна. Со оглед на тоа што нултиот пациент доаѓа од Сирија, само еден ден пред вирусот да удри во полн ек, би рекле дека е преголема коинциденција ако не станува збор за биолошко оружје.rnrn(4) ТВ серија: Задржување (Containment) (5) ТВ серија: Задржување (Containment)rnrnПриказната почнува да се развива побавно одошто би очекувале за ваков вид серија, но без сомнение таа содржи голем потенцијал. Станува збор за драма со детално разработени ликови и приказна која става акцент на љубовта и блиските кои се разделени од електрична ограда. Па, доколку сте расположени за постапокалиптично сценарио со застрашувачки вирус кој разорува сè пред себе, тогаш без сомнение треба да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија.