Овие пет одлични совети ќе ви помогнат да создадете вистинска мала оаза полна со сенка и да го заштитите вашето тело од штетните УВ-зраци.rn
1. Импровизирана тенда
rnАко е премногу топло, прекривката или стариот чаршав ќе ви послужат како голема заштита од сонцето на балконот. Со жица заврзете го едниот крај на ткаенината на балконот, а другиот на шајките што ќе ги поставите на ѕидот.rn
2. Перници на оградата на балконот
rnСтарите перници исто така можат да послужат за создавање сенка. Врзете ги на оградата на балконот за да создадете сенка и да се заштитите од сончевите зраци.rn
3. Трска
rnМногумина ги избегнуваат трските затоа што мислат дека изгледаат малку старомодно. Сепак, денес може да најдете голем избор на мрежа од трска и бамбус што ќе го заштити вашиот балкон од сонцето и истовремено ќе изгледа убаво.rn
4. Висечки растенија
rnТие се вообичаена декорација на балконите затоа што добро го поднесуваат сонцето и можат да бидат одличен извор на сенка. Изберете неколку растенија и ставете ги на висечки саксии на балконот.rn
5. Крпи и марами
rnАко сакате уште поедноставна верзија на импровизирана тенда, тогаш користете жица и ставете стари крпи или марами на неа.
Прочитајте како да внесете свежина во домот со помош на пастелни бои.

