Не смеете да го пропуштите најновото издание на „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела во 18.50 часот на „Канал 5“ телевизија.
Во него гостува легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата прекрасна пејачка Елена Ристеска, а се разбира, двајцата имаат што да кажат и да раскажат.
Игор ќе зборува за неговите многубројни животни анегдоти, а исто така и Елена отворено ќе зборува за она што и се случува во нејзината кариера, за идните планови и уште многу други интересни содржини.
Во новата „Еден на Еден“ ќе имате прилика да ги слушнете Игор и Елена во дует како ја изведуваат нумерата „Те сакам“.
Погледнете што ве очекува во недела во 18.50 часот на „Канал 5“…
https://www.youtube.com/watch?v=jTRYVrr_X_Y

