Се ближи крајот на 2015-тата година во која имавме прилика да погледнеме многу добри филмови. Чекавме со месеци за продолженијата на омилените филмови и серии, а сега со нетрпение ја очекуваме 2016-тата за да погледнеме што наредно ни подготвуваат филмските студија во Холивуд.
Додека чекаме, се навраќаме на овогодишната кино програма и ги набројуваме најплатените актери за 2015-та година.rn
1. Роберт Дауни Џуниор: 80 милиони долари
rnРоберт годината ја започна како Iron Man (Железниот човек) во вториот дел на „Avengers“ (Одмаздници), а колку е оваа франшиза популарна кажуваат и цифрите од неговата заработка, со што се пласира на првото место на оваа листа.rn
2. Џеки Чен: 50 милиони долари
rnЏеки оваа година сними само еден филм, а за наредната планира седум!rn
3. Вин Дизел: 47 милини долари
rnТрите филма кои ги направи годинава, во кои се вбројува „Fast and Furious: Furious 7“ (Брзи и бесни 7), му донесоа голем успех на Вин Дизел, кој многу добро заработи оваа година.rn
4. Бредли Купер: 41,5 милиони долари
rnДвата филма кои Бредли ги направи годинава, во кои спаѓа и „Joy“ (Радост) кој е номиниран за Златен глобус во категоријата за најдобар мјузикл/комедија, се сосема доволни за Бредли да заработи преку 40 милини долари.rn
5. Адам Сендлер: 41 милион долари
rnПознатиот комичар оваа година се прослави со гласовната улога во анимираниот филм „Хотел Трансилванија“. Сосема солидна плата за само еден филм, зарем не?rn
6. Том Круз: 40 милиони долари
rn„Mission Impossible“ (Невозможна мисија) му помогна на Том да се пласира на 6-тото место на листата на најплатените актери за 2015.rn
7. Марк Валберг: 32 милиони долари
rnИако оваа година не направи ниту еден филм, Марк заплива во продуцентските води и заработи доста добар хонорар.rn
8. Двејн Џонсон: 31,5 милиони долари
rnДва филма и една серија – формулата за успех кога станува збор за The Rock (Карпата).rn
9. Џони Деп
rnСо помош на два филма, Џони Деп оваа година заработи точно 30 милиони долари.rn
10. Леонардо Дикаприо: 29 милиони
rnЛео оваа година можеби заработи помалку од неговите колеги, но има на што да се радува! Имено, се предвидува дека 2016-та година ќе биде годината во која Лео конечно ќе добие Оскар за неговата улога во новата драма „The Revenant“ (Повратникот).

