Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденскиот и божиќниот кактус се дел од семејството кактуси и се хибриди на бразилскиот шумски кактус. Имињата ги добиле по празниците, поради периодот од годината во кој цветаат.

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Која е разликата помеѓу овие две растенија? Божиќниот кактус потекнува од бразилските дождовните шуми, додека велигденскиот кактус потекнува од сувите шуми. Велигденскиот кактус цвета на крајот на зимата и во рана пролет, а божиќниот кактус за време на зимските празници.

Се разбира, има разлика и во изгледот. За разлика од божиќниот, велигденскиот кактус има ливчиња распоредени во совршен венец. Цветовите можат да бидат во разни бои.

Ова растение треба да се чува на силна, но не на директна сончева светлина. За разлика од пустинските кактуси, тоа сака пониски температури, дури и преку ден.

Почвата треба да биде малку влажна и да ја оставите да се исуши пред повторно да го наводнувате кактусот. Квалитетната грижа за велигденскиот кактус вклучува и пресадување на растението на секои две години, во пролет. Потоа, заменете ја почвата, но вратете го растението во истата саксија.

Ако вашиот дом е сув, обезбедете му влага ставајќи го на чинија наполнета со камчиња и со малку вода. Испарувањето ќе го навлажни воздухот околу растението.

Ако добро се грижите за растението, ќе имате здрав зелен кактус. За да процвета, потребни се ниски температури и долги ноќи. Ако сакате да видите цветови, мора да бидете малку груби кон растението, односно пожелно е малку да го запоставите во постудените месеци. Прво престанете да го храните кактусот, а потоа преместете го на темно место по 12-14 часа во текот на денот. Пупките се формираат најдобро кога температурата е околу 10 Целзиусови степени.

Од октомври до ноември, наводнувајте го растението поретко. Во декември, можете да го преместите на потопло место каде што температурите се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Растението може да почне да цвета веќе во февруари, но циклусот на цветање обично започнува во март, а растението може да ве наградува со убави цвеќиња до мај.

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание

Прочитајте и за глоксинијата – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар