Што и како ќе пиеме во 2021 година: Нови навики и вински трендови
Минатата година, повеќе од кога било досега, винската индустрија ги почувствува ефектите од светската криза и тешко дека нешто ќе се промени во првите месеци од 2021 година. Иако пандемијата покажа дека во моментов е тешко да се предвиди нешто, сепак, според експертите, има забележителни трендови кои ќе продолжат и во 2021 година.
„Ќе продолжиме да ги избегнуваме преполните барови и ресторани, така што потрошувачката на вино дома ќе продолжи да расте, ќе се дегустира на виртуелни работилници, а ќе расте и побарувачката на вегански вина. Акцентот ќе биде ставен на добро познати и врвни брендови. Ова не е ништо ново за производителите на вино, имајќи предвид дека мотото „помалку, но подобро“ беше омилено кај љубителите на вино во последните неколку години и ја отсликува не само потребата за квалитетно вино, туку и концептот на уживање во виното како дел од оброкот“, вели Марино Маркешиќ, сопственик на светски познатиот бренд „Кабола“.
Пандемијата само ги забрза трендовите на умерена потрошувачка, заедничко готвење и умерено уживање во храната и виното кои се појавија на крајот на 2019 година. Поради новонастанатата ситуација, се променија и начините на дружење, но и каналите за дистрибуција, така што никогаш не било полесно да се стигне до омиленото вино со помош на нарачка преку Интернет и достава до дома.
Сомелиерите велат дека љубителите на вино ширум светот ги замениле богатите и слатки вина со полесни, свежи вина, со помалку шеќер и со низок сулфит, а тој тренд сигурно ќе продолжи и во наредните години.
Прочитајте каде се произведува најскапото вино во светот.