Во денешно време, поголемиот дел од децата имаат куп играчки, па многу е тешко да ги импресионирате со нешто ново. Сепак, мора да знаете дека најубавите подароци не доаѓаат од продавниците! Ова е листа од најдобрите подароци кои родителите може да им ги подарат на своите деца. Колку од нив имате подарено досега?rnrn
rn
1. Афирмација
rnПонекогаш еден единствен збор за афирмација може да го помени целиот живот. Па, осигурете се дека вашето дете знае колку многу го цените. И потоа, потсетувајте го на ова во секоја можна прилика.rn
2. Прегратки и бакнежи
rnМожеби имате видено родители кои им велат на своите млади деца дека тие се стари за бакнежи. Зарем тоа не ве растажило? Имајте на ум дека вашето дете никогаш нема да биде премногу старо за вашата љубов.rn
3. Заеднички оброци
rnОброците претставуваат сигурна можност за воспоставување врска, каква што не може да се најде на никое друго место. Толку многу, што слободно може да се каже дека семејството кое не јаде заедно, не расте заедно.rn
4. Смисла за хумор
rnСмејте се со вашето дете секојдневно… за ваше и нивно добро.rnrn
rn
5. Способноста да гледа убавина во сè
rnПомогнете му на вашето дете да пронаоѓа убавина во сè што ќе види… и во секого што ќе го запознае.rn
6. Простор за правење на грешки
rnДецата се деца. Тоа е она што ги прави толку многу забавни… и толку очајно им е потребно вашето трпение. Дајте им простор да експериментираат, да истражуваат и да прават грешки.rn
7. Стабилност
rnСтабилниот дом станува темел на кој децата го изградуваат остатокот од нивниот живот. Тие треба да го знаат своето место во семејството, на кого може да веруваат и кој ќе биде тука за нив. Немојте да ги менувате овие работи.rn
8. Поттикот за постигнување на големи работи
rnОхрабрете го вашето дете да сонува големи соништа. За возврат, тоа ќе постигне многу повеќе отколку што мисли дека може, а најверојатно и многу повеќе отколку што вие мислевте дека е возможно.rnrn
rn
9. Време
rnДарот на времето е еден вид подарок што никогаш не може да се врати или пак да се земе назад. Па затоа, размислете внимателно кој (или што) го добива вашето време.rn
10. Неподелено внимание
rnОва може да ви изгледа како ништо, но е навистина важна работа. Секогаш бидете покрај нив, и никогаш не ја испуштајте можноста да комуницирате со вашите најмали.rn
11. Сочувство
rnЖивотот не е фер. И никогаш нема да биде – постојат толку многу варијабли. Но, кога грешката ќе биде направена или полето на игра ќе биде израмнето, би требало да сакате вашето дете да биде активно во помагањето да го надминете тоа.rn
12. Задоволство
rnПотребата за повеќе е заразна. Затоа, еден од најдобрите подароци кои можете да им ги подарите на вашите деца е благодарноста и задоволството со тоа што го имаат… rn
13. Љубопитност
rnНаучете ги вашите деца да поставуваат прашања од типот кој, што, каде, како, зошто и зошто да не. „Престани да прашуваш толку многу прашања“, се зборови што никогаш не треба да излезат од устата на еден родител.rn
14. Определување
rnЕден од најголемите одлучувачки фактори за нечиј успех е големината на нивната волја. Како може да помогнете за растењето на вашето дете денес?rn
15. Дисциплина
rnУште од мали децата треба да научат скоро сè, вклучувајќи ги и соодветните однесувања. Поточно, како да се согласуваат со останатите, како да добиваат резултати, и како да ги постигнуваат своите соништа. Дисциплината не треба да се избегнува или да се задржува. Наместо тоа, таа треба да биде конзистентна и позитивна.rnrn
rn
16. Охрабрување
rnЗборовите се моќни. Тие може да создадат или да уништат. Едноставните зборови што ќе изберете да ги кажете денес, може да понудат охрабрување и позитивни мисли за едно дете. Или вашите зборови може да го пратат во очај. Избирајте ги внимателно!rn
17. Желба за создавање
rnСо доаѓањето на Интернетот, секој од нас кој сака да создаде нешто… и може да го стори тоа. На светот му се потребни повеќе луѓе кои сакаат да создаваат.rn
18. Великодушност
rnНаучете го вашето дете да биде дарежливо со вашите работи, така што тоа во иднина ќе стане дарежливо и со неговите.rn
19. Духовност
rnБи било мудро да го научите вашето дете дека тоа е многу повеќе од крв и месо. Тоа е исто така направено до ум, срце, душа и волја. И неговите одлуки во животот би требало да се засноваат на повеќе од она што би го направиле сите останати од крв и месо.rn
20. Чесност и интегритет
rnДецата кои учат за вредностите и важноста на чесноста во своите рани години имаат поголема шанса да станат чесни луѓе. И чесни возрасни кои искрено ќе се справат со другите, кои ќе се чувствуваат подобро во врска со себе, кои ќе уживаат во својот живот, и кои ќе спијат подобро.rnrn
rn
21. Надеж
rnНадежта е знаење и верба дека работите ќе станат подобри. Тоа создава сила, издржливост и решителност. И во очајните тешки времиња од животот, таа нè повикува да продолжиме понатаму.rn
22. Имагинација
rnАко сме научиле нешто во текот на изминатите 20 години, тоа е дека животот се менува побрзо и побрзо во секој изминат ден. Утрешниот свет воопшто нема да изгледа како денешниот. И луѓето со имагинација се оние кои не само што го живеат, туку и оние кои го создаваат.rn
23. Намера
rnЗабавете, погледнете кои сте, каде одите, и како да стигнете таму. И сторете го истото за секое од вашите деца.rn
24. Доживотно учење
rnСтраста за учењето е поразлична од учењето за да се добие добра оцена или да се задоволи наставникот. Таа започнува од домот. Па затоа научете го вашето дете да чита, да поставува прашања, да анализира и да изложува. Со други зборови, научете го да сака да учи за себе.rn
25. Грижа за природата
rnДецата кои се учат да го ценат светот околу себе, започнуваат да се грижат за истиот. Како родител, најверојатно честопати ги замолувате вашите деца да ги одржуваат нивните соби чисти, уредни и организирани. Зарем не би требало да ги научите истото да го практикуваат и надвор, со тоа што ќе го одржуваат светот чист и уреден?rn
26. Можности
rnНа децата им се потребни можностите за да доживеат нови работи, и на тој начин да дознаат во што тие уживаат и во што се добри. И спротивно од популарното верување, тоа не мора да бара многу пари.rn
27. Оптимизам
rnПесимистите не го променуваат светот. Оптимистите го прават тоа!rn
28. Гордост
rnСлавете ги малите нешта во животот. После сè, тоа е мало достигнување во животот кое подоцна станува големо.rnrn
rn
29. Да се залага за мирот
rnВо светски размери, можеби мислите дека ова е надвор од вашите раце. Но, во однос на луѓето околу вас, тоа е токму во вашите раце. И ова е добро место за почеток.rn
30. Самодоверба
rnЛуѓето кои научиле да се ценат себеси имаат поголема самодоверба и самопочит. Како резултат на тоа, поголема е веројатноста тие да станат возрасни кои ќе ги почитуваат своите вредности и ќе се држат до нив, дури и кога никој друг нема.rn
31. Уникатност
rnТоа што нè прави поразлични е тоа што нè прави посебни. Уникатноста овде не треба да биде сокриена. Таа треба да биде гордо покажана за да ја види целиот свет, да ја цени и да ужива.rn
32. Вашиот скут
rnТоа е најдоброто место во целиот свет за читање книга, раскажување приказна или за разговор. И тоа место е пред вас целото ова време.rnrn
rn
33. Добредојден дом
rnДа се знае дека секогаш може да се вратиме дома е едно од најмоќните емоции. Дали вашиот дом живее во вашето дете?rn
34. Лојалност кон вашиот брачен другар
rnДовербата вклучува многу повеќе од само нашите тела. Таа ги вклучува и нашите очи, умот, срцето и душата. Посветете се себеси целосно на вашиот сопружник.rn
35. Љубов
rnНајголемата работа која можете да им ја дадете е љубовта.