КАФЕ ПАУЗА

Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

Written by

in

,

Јануари е дефинитивно најдепресивниот месец во годината, а оваа година е и најтежок затоа што сме во средина на пандемија која само што го добива својот трет бран во светот. Во Македонија, од друга страна, има светлина на крајот од тунелот и се надеваме на пролетта и летото кои доаѓаат, но тие денови уште се далеку пред нас. Еве како да си помогнете и да го промените протокот на мислите што во моментот може да биде негативен.rnrnАко чувствувате дека не одите напред, немате волја за живот или живеете во страв, не заборавајте да побарате помош од стручни лица. Во западниот свет, одењето на психотерапевт е исто како и на стоматолог.rnrnРутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневиеrn

Колку вложувате во дружење?

rnСамо затоа што во моментот не можеме да одиме на забави, концерти, ресторани и кафулиња, не значи дека треба да заборавите на пријателите. Животот продолжува, само во една друга форма и друг пристап. Поканете пријатели на видеоповик, организирајте дружење, организирајте патување секој викенд во природа на некое друго место. Постојат начини да се одржи социјалната дистанца во овие тешки моменти.rn

Како се релаксирате?

rnМожеби ви се чини дека работата од дома ве релаксира, но тоа е далеку од вистината. Многумина од нас воопшто не знаат како да се релаксираат, но треба да знаете да направите време за медитација, прошетки, читање, вежбање. Потребно е да се одвои време за тоа.rn

Променете го протокот на мислите

rnЕдна тетратка ќе ви помогне во ова. Запишувањето мисли е многу ослободувачко, па во моментите кога ви е најтешко, напишете на хартија како се чувствувате, а потоа запишете каква е реалната состојба зад тие чувства.rnrnПрочитајте ги овие 5 инспиративни психолошки совети за 2021 година што навистина помагаат.