КАФЕ ПАУЗА

Решението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесер

Решението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесер

Скоро и да нема личност која може да се пофали дека никогаш немала темни подочници. За среќа, постои многу едноставен и ефикасен начин да ги сокриете, а сè што ви треба е козметиката која веќе ја имате во вашиот несесер.rnrnРешението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесерrnrnСокривањето на темните кругови само со пудра генерално завршува неславно, но затоа доколку го употребите црвениот кармин и под вашите очи, може да постигнете ефект каков што навистина ви е потребен.rnrnЗвучи чудно, па и неверојатно да нанесувате црвен кармин под очите, но науката има објаснување за ова. Имено, во палетата на бои, сината и зелената (какви што најчесто се подочниците) се наоѓаат на спротивната страна на бои од црвената и портокаловата. Кога ќе се спојат две спротивни бои доаѓа до неутрализација, па така подочниците исчезнуваат.rnrnСо четкичка или со прсти нанесете малку црвен или црвеникаво-портокалов кармин, зависно од вашиот тен, на подочниците, а потоа продолжете со стандардната рутина за шминкање нанесувајќи ја пудрата одозгора. Вака ќе го неутрализирате црвенилото од карминот, кој пак претходно ги неутрализирал модрите подочници. И тоа е сè. Толку е едноставно.rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.