Сите ние сакаме да го избереме оној совршен пат кој ќе нѐ одведе онаму каде што сакаме во животот. Патот за кој велиме дека требало да го избереме уште пред неколку години, кога не сме успеале да ја добиеме работата или сме се откажале од факултетот или не сме успеале да ги поканиме оние кои сме ги сакале на средба и сега се среќно во брак со 3 деца.rnrn
rnrnСакаме да веруваме дека нашиот живот секогаш се дели на две насоки: Еден пат кој е хаотичен и каллив и скоро секогаш патот на кој се наоѓаме и друг кој е чист и без никакви проблеми. Но, животот честопати не се одвива на овој начин. Вистината е дека секој можен пат по кој сме тргнале има разни пречки. Секој избор кој можеме да го направиме е проследен со раздор.rnrnНие не сме оние кои ќе одлучат дали нашите животи ќе бидат исполнети со предизвици и пречки или не, но имаме избор со кои потешкотии ќе се соочуваме. Можеме да ја избереме страсната љубов и да ги потрошиме нашите животи обидувајќи се да го скротиме дивиот оган. Или можеме да ја избереме мирната, разумна љубов и да ги потрошиме годините обидувајќи се да направиме искра.rnrnМожеме да се упатиме на отворениот пат и да ги поминеме нашите лоши денови барајќи значење и стабилност. Или можеме да останеме со нашите 8-часовни работи и да ги поминеме лошите денови барајќи адреналин и авантура.rnrnНе постои начин да се измерат јаболката и портокалите кога станува збор за изборите со кои се соочуваме во животот. Секој пат претставува немерлив предизвик. Секое странично патче има јама во која ќе паднеме кога подолго време ќе патуваме на него. И, можеби најистакнатото прашање што можеме да си го поставиме кога треба да одлучиме за нашиот животен пат е следново:rnrnВо која јама најмногу ни одговара да паднеме? Со кои проблеми сме среќни ако ги имаме?rnrnБидејќи сѐ понекогаш ќе биде непријатно. Секој пат има нерамнини, дупки и кривини. Но, некои патишта ги прават сите пречки вредни да се поминат. Некои патишта нѐ прават желни да ползиме на раце и нозе, да го турнеме автомобилот од калта, да се обидеме да излеземе од јамата. И, наместо да се прашаме себеси: „Кој пат ќе предизвика најмалку болка?“, да се прашаме „Кој пат ќе ја направи таа болка да вреди да се почувствува?“rnrnБидејќи тоа треба да биде патот кој секогаш треба да го избереме. И, тоа е најблиску до совршеноста до која секој од нас може да стигне.
Ничиј живот не е совршен и затоа треба да избираме со кои проблеми сме најсреќни
