Иако за некои во моментот би било доволно најобичното маалско кафуле, недалеку од плоштадот „Палас“, главниот плоштад во Санкт Петербург, каде што лесно може да начекате фестивали или културни настани, има кафуле кое изгледа дека нема една димензија. „Black and White 2D Cafe“ брзо стана омилено место за сите инстаграмџии.rnrn
rnrnБлагодарение на специјалниот дизајн и на напорот на илустраторот, посетителите се чувствуваат како да влегле во некој вид стрип или цртан филм. Речиси е невозможно само да седите и да пиете кафе или чај затоа што ќе сакате да станете и ги допрете ѕидовите и предметите за да бидете сигурни дека се „вистински“. Коментарите на социјалните мрежи се позитивни, а гостите велат дека се чувствувале како да се во осумдесеттите години. Покрај разни видови кафе и чај, кафулето нуди и крофни за појадок, но најголем адут е, секако, самиот дизајн.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за оваа капела во Англија изградена во 1855 година која е претворена во необичен, но топол дом.
На работ на реалноста: Кафуле што ќе ве натера да се сомневате во вашите очи
