HIIT тренинг: Популарен метод на вежбање со кој резултатите се загарантирани

HIIT тренинг: Популарен метод на вежбање со кој резултатите се загарантирани

HIIT тренингот е вид тренинг со висок интензитет во интервал кој најмногу влијае на отстранување на поткожното масно ткиво, а она што го разликува од кардио тренинг меѓу другото е и времетраењето. Овој тренинг трае околу 30 минути и комбинира интервали со висок и низок интензитет, а друга предност на овој тренинг е фактот дека иако за време на вежбањето може да изгубите помалку калории отколку со кардио, со HIIT тренингот продолжувате да губите калории во текот на целиот ден.

Иако овој тренинг најчесто се поистоветува со брзото слабеење, ние мора да ве увериме и да кажеме дека не е така. Првите резултати доволни за понатамошна мотивација ќе бидат видливи за пократок период, но за да се постигне посакуваниот конечен резултат, потребно е да се регулира исхраната и да се јаде правилно и да не се заборави на континуитетот. Исто така, бидејќи овој тренинг е малку пократок, често се смета дека секој може да го стори тоа, но ако не сте во форма, може да биде потешко. Затоа ве советуваме да започнете со малку поедноставна програма.

Дали знаевте дека колку брзо можете да се качите на 4-ти спрат открива многу за здравјето на вашето срце?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар