КАФЕ ПАУЗА

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Дали би се осмелиле да појдете на уникатно зимско пливање во Финска? Пливањето во ледена дупка Финците го сметаат за еден вид преродба. Се верува дека е многу здраво, а во регионот Лапланд, луѓето го започнуваат денот со кусо џбурнување во студената вода, веднаш после нивната утринска сауна.rnrnЗимско пливање во ледени дупки во ФинскаrnrnТие сметаат дека нема ништо порелаксирачко од нурнување во ледено студената вода. Но, најинтересната работа се случува отпосле, бидејќи веднаш штом излезете од дупката, почнува да проработува циркулацијата и телото почнува да се загрева, што резултира со огромен пораст на вашата енергија, која останува интензивна до крајот од денот. Исто така се смета дека редовното капење во мраз го отстранува хроничниот замор, го намалува стресот и ве прави отпорни на настинки.rnrnЗимско пливање во ледени дупки во ФинскаrnrnПовеќе од 100.000 Финци ја прават оваа активност барем еднаш неделно, во зима. Ледената традиција, освен во Финска, се практикува и во северна Русија, Норвешка, Шведска, Данска, Естонија, Литванија, Летонија, Велика Британија, Белгија, Кина и Северна Америка.rnrnЗимско пливање во ледени дупки во ФинскаrnrnЗимското пливање во суштина не е опасно по здравјето за здравите луѓе, но треба да го избегнуваат оние кои не се навикнати на капење во студена вода, кои имаат срцеви болести или проблеми со дишењето, висок крвен притисок, аритмија и лица со голема телесна маса.rnrnЗимско пливање во ледени дупки во Финска Зимско пливање во ледени дупки во Финска Зимско пливање во ледени дупки во Финска
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.