КАФЕ ПАУЗА

Здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате

Здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате

Ако сакате вкусна супа богата со хранливи состојки и лесна за подготовка, ова е вистинскиот рецепт за вас. Сè што ќе ви треба се само четири состојки и неколку зачини.rnrnЗдрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожаватеrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • два поголеми моркови
  • rn 011

  • 300 грама црвена леќа
  • rn 011

  • лук
  • rn 011

  • 100 мл пасирани домати
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте маслиново масло, а потоа додајте ги морковите што претходно сте ги изрендале и оставете ги да се готват 5 минути на пониска температура. Додајте го лукот исечен на поголеми парчиња, па оставете да се готви уште една минута. Додајте ја леќата, која претходно ќе ја измиете под ладна вода и потоа наполнете го тенџерето со вода така што водата ќе ги покрие сите состојки.rnrnГответе 20 минути или додека леќата не омекне и потоа тргнете ја од шпоретот. Ако е потребно, додајте вода за време на готвењето. Ставете ги зготвената леќа, морковите и лукот во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Турете ја смесата во подлабок сад, додајте ги пасираните домати и вода по потреба. Од зачините, користете сол, бибер и 1/3 лажичката цимет.rnrnПогледнете како да подготвите вегански бургери од наут и тиква.